LADY BIKER POWER Bikers against breast cancer

LADY BIKER POWER

Oктомври 2022 иницијатива за борба против рак на дојка организација на: BIKERS GARAGE

Опис на настанот

На 15-ти Октомври 2022 година, во организација на Bikers Garage по иницијатива на жените моторџии, за втор пат во Македонија ќе се организира настан за борба против рак на дојка кај жените. Иницијативата е прифатена од сите моторџии и мото клубови во Македонија, а оваа година е подржана од GUARDIAN ANGELS MC MACEDONIA.

Под мотото „BIKERS AGAINST BREAST CANCER“ настанот ќе се одржи на следната локација:

GUARDIAN ANGELS MC – GAMC 71 club house
во кругот на студентскиот дом “Стив Наумов“ – Општина Гази Баба, Скопје

Настанот е од отворен карактер за целата јавност, каде сите жени моторџии и воопшто сите присутни жени на настанот, ќе имаат можност да направат консултација со претставници на медицински институции и специјалисти, за рана детекција и превенција за рак на дојка кај жените, како и за асистирана репродукција кај жени со малигни заболувања.

Детален Опис

(програма/агенда на настанот)

  • Хуманитарна крводарителска акција во координација со Црвен Крст на Македонија;
  • Отворен пулт за општа консултација со претставник на медицинска установа и добивање на информации за закажување на детални прегледи (11 – 15ч.);
  • Отворен пулт за дистрибуирање на промо / инфо материјали за рак на дојка (11 – 15ч.);
  • Отворен пулт за консултации и дистрибуирање на инфо материјали за асистирана репродукција;
  • Музичка сцена со настап на домашни музички уметници и изведувачи (12.00 – 14.30ч.);
  • Отворен пулт за бесплатно дистрибуирање на промо мајци на присутните