
BIKERS GARAGE – Live Podcast
Почнавме во месец Мај 2021 година. Поминаа многу мото клубови, многу моторџии претставници на мото клубовите во Македонија, наши домашни музичари од РОК сцената кои се постојан декор на сцената на мото собирите, стручни лица за обуки од авто школи, технички инженери, претставници на МВР, претставници на РСБСП. Благодарност до сите гости досега, без кои емисијата немаше да биде тоа што е денес.
Podcast – от опфаќа теми кои го засегаат секој учесник во сообраќајот а се разбира и пешаците, но воедно ја промовира мото културата и мото општеството пред севкупната јавност. Разбудување на свеста кај сите учесници во сообраќајот и строго почитување на сообраќајните правила е примарната цел, но и да не заборавиме на статистиката која вели дека Моторџиите (моторциклистите) се загрозена категорија на учесници во сообраќајот кај нас, а најчеста последица на тоа се непочитувањето на сообраќајните правила. Исто така една од водечките цели е, моторџиите да ги прикажеме во нивното вистинско светло, како едни од најголемите општествено одговорни лица. Запознавање со мото клубовите во Македонија како и со нивните братски клубови надвор од нашата држава и прикажување на хиерархијата на еден мото клуб.
Емисијата се емитува секој четврток во месецот, во периодот од 18.00 до 19.00 часот.