Хаос!? За само пет часа 178 казни!

Во текот на вчерашниот ден, во периодот помеѓу 17.00ч. и 22.00ч. полицијата на целата територија на Македонија спроведе засилена акциска контрола насочена кон возачите на мотоцикли и електрични тротинети, а резултатите од тие пет часа беа страшни, вкупно 178 возачи (учесници во сообраќајот) завршија со казна.

Оваа акција, која дојде како одговор на сè почестите нарушувања на сообраќајните правила од страна на овие категории учесници, ја разоткри вистинската слика за непочитувањето на прописите и сообраќајните правила.

Возење без кацига, без дозвола.

Најзагрижувачки е податокот што се однесува на основната заштита на самите мотоциклисти, бидејќи дури 156 од санкционираните лица воопшто не користеле заштитна кацига додека управувале со своите возила, што директно ги изложува на најтешки последици во случај на несреќа. Уште потешка е ситуацијата со 13-те возачи кои се лишени од слобода поради сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, бидејќи сите тие управувале со своите возила без да поседуваат валидна возачка дозвола.

Возачите на електрични тротинети исто така не поминаа незабележано во оваа акција, при што санкционирани се единаесет управувачи на овие сè попопуларни превозни средства, од кои петмина беа казнети конкретно поради тоа што не носеле рефлектирачки елек за време на управувањето при намалена видливост, спротивно на одредбите од член 103-г.

На крај да донесеме заклучок:

Неможе вака другари, не е во ред.

Прво оставате генерално лош впечаток за сите моторџии во јавноста, а всушност вие таквите не сте ни моторџии.

Затоа ваквите акции спроведени од страна на МВР се само показател за целокупната сообраќајна култура во Маледонија.