Даден е предлог на закон за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка, со кој се предвидува возачот што поседува возачка дозвола од Б- категорија да има право да управува мотоцикли со автоматски менувач од категоријата А1, чија зафатнина на моторот не е поголема од 125 м3 и чија сила на моторот не е поголема од 11 КW, a соодносот на јачината на моторот и масата на возилото не надминува 0.1 KW/кг.
Со овој предлог на закон се предвидува возачот што поседува возачка дозвола од Б-категорија да има право да управува мотоцикл со автоматски менувач од категоријата А1, согласно со ЕУ- регулативата, откако ќе наполни 23 години, поседува минимум пет години возачка дозвола од Б-категорија и има поминато 4-часовна теоретска обука за безбедност при управување мотоцикли во автошкола и која важи само на територијата на државата.
Содржината на обуката, формата, содржината на потврдата и начинот на водење на евиденцијата за издадени потврди за посета на обуката ја пропишува министерот за внатрешни работи во рок од 15 дена во рок од влегувањето на сила на овој закон. Автошколата ќе треба да ја издаде дозволата за посета на четири часа обука сообраќајни правила и прописи и го известува МВР.
Ваков пример на Држави каде што може да се управува мотоцикл до 125 см³ со возачка дозвола од Б-категорија се:
Шпанија, Грција, Португалија, Франција, Австрија, Чешка, Белгија, Луксембург, Словенија, Полска и др.

