Оваа рута е дело на Free Spirit MCC.
Како што стои во описот на самиот наслов, самата рута буквално ве носи по пат кој на крајот завршува како “ГУШКАЊЕ” на целата Македонија.
Опис на рута:
Предвидено време: 12 /13 часа
Километража: 750 + – 800км
Гориво: 40 литри до 45 литри
Инфо и точките предвидени за пауза за точење на гориво може да се променливи тоа е во договор со групата или на даден поединец.
До сега оваа рута е возена три пати, а обично се вози во третата сабота од септември.
Предлог: 2 до 5 мотора е сосема доволно како број на учесници.
1-ва етапа
Старт – Скопје: 06:00ч Бензинска станица на Макпетрол во Влае.
Се вози покрај Тетово, Гостивар, Маврово, Дебар мала пауза покрај езеро и се продолжува во правец на Струга со пристигање во Охрид околу 08:30 часот.
20-30 минутна пауза (Кафе, доручек, точење гориво).
2-ра етапа
Старт – Охрид: 09.15ч (170 км / 120 -150 мин.)
Се вози преку Ресен, Битола, Прилеп, Градско, Неготино. Пауза од 20-30 минути, Макпетрол бензиска станица (Кафе – Гориво).
3та етапа
Старт – Неготино: 12:00ч (200 км / 160-180 мин.)
Се вози во насока на Богданци, Струмица, Берово, Делчево.
Пауза од 30 минути на Макпетрол бензинска станица (кафе, храна, точење на гориво).
4-та етапа
Старт – Делчево: 15:30 (195 км / 120-150 мин.)
Се тргнува во насока кон М.Каменица преку Кочани, Пробиштип, Кратово и на крај се завршува во Скопје со пристигнување околу 18:00 часот.

