BikeMeet & Food Fest 2026

BikeMeet & Food Fest

vol.IV / 2026

Оваа година за четврти пат ќе се одржи BikeMeet & Food Fest – Фестивал на традиционална македонска храна.

Храната веќе знаете ја подготвуваат моторџии, а истата се дели бесплатно на сите присутни.

На казаните оваа година ќе бидат:

Mk Iron Ghosts

Moto Klub Crni Makedonija

Moto Klub Retki Ptici

Moto Klub Vardar Turing

Специјалитети стандардно ќе приготвуваат:

Tzar Tower Riders – “Царски Подварок”

Конзули МК Битола – “Конзулски Гулаш”

Moto Club Vepar – “Вепарско Гравче”

Идејата на овој фестивал е најнапред промоција на македонската традиционална храна, а воедно и апел за подршка на нашето, домашното.

Оваа година фестивалот ќе се одржи на 3ти и 4ти Октомври.

Како и првата така и оваа четврта година локацијата каде ќе се одржи фестивалот е

Манастирскиот Комплекс “Руса Среда“ на Пеленица, Драчево.

Сите се добредојдени.

Се гледаме првиот викенд од Октомври на Пеленица.