
“Morning Glory”
morning radio show
утринска емисија На Бајкерс Гараж
9-ти Април | Среда | 2025 година
Другари, пријатели, подржувачи, моторџии и сите учесници во сообраќајот. Денес среда 9-ти Април, Bikers Garage започнува со емитување на утринската емисија “Morning Glory”.
Денес е првото издание на емисијата, со кое се надеваме да ја доловиме реалната слика во сообраќајот во градот онака уште сабајлечки и да дадеме една насока за се она за кое сите знаеме дека не треба но сепак го правиме.
Ќе споделиме инфо за:
• градежни активности на дадена улица;
• блокирани улици и пренасочување на сообраќајот;
• не доволно поставена сообраќајна сигнализација на одередни улици и булевари;
• не обележани пешачки премини поради тековни градежни зафати на дадена улица, за кои би сакале да посочиме за поголемо внимание од страна на сите учесници во сообраќајот како и на внимание од страна на пешаците;
• стандардно не почитување и непрописно застанување на патнички превозни средства на одредени места и улици;
• стандардно непочитување на брзината на одредени сокачиња, улици, булевари;
• посебно внимание во делот пред и околу Основните Општински Училишта како и Средните Државни Училишта (задолжително пропуштање на децата на пешачки премин и строго регулирање на брзината);
Исто така и АПЕЛ посебно до родителите на деца од возраст 14+ на кои законот им дозволува да управуваат скутери до 50сс, за:
• задолжително вршење на технички преглед;
• задолжително вадење на осигурителна полиса;
• задолжително носење на безбедносна опрема, особено кацига;
• прилагодување на брзината согласно дадената ситуација и строго почитување на сообраќајните правила;
Со оглед на искуствата од ситуациите и состојбите од минатите години, АПЕЛИРАМЕ до строго почитување на сообраќајните правила:
• забрането движење на електрични тротинети по (тротоари, пешачки премини, почитување на пропишаната брзина со која е дозволено да се движат);
• почитување на сообраќајните правила од страна на велосипедистите и движење по обележаната лента која е наменета за нив;
• Носење на соодветна кацига при управување на електричен тротинед а исто и за велосипед.
Се надеваме дека уште рано од сабајле ќе ви дадеме една насока каде и во кој дел од градот има застој и гужва во сообраќајот, кои улици се затворени заради реконструкции, во кој дел има градежни активности, каде треба да бидеме повеќе внимателни и се она кое може да ја подигне свеста за по-безбедно учество во сообраќајот особено за најмалдите.
Да почнеме со ред.
1. Состојба на Улиците и Патиштата на теритирија на град Скопје
Освен стандардните активности кои стојат во известувањата од ЈП “Улици и Патишта” Скопје, кои вклучуваат редовни санации на тротоари, санација на оштетена заштитна ограда, санација на оштетени заштитни столбчиња и слични активности, а истите информации може да се најдат на веб страницата на “Улици и Патишта” Скопје, ние сабајлето напраивме еден поголем круг, почнувајќи од Ѓорче па се до Лисиче (поминувајќи низ Карпош, Бутел, Чаир, Центар, К.Вода и Аеродром).
Каква беше ситуацијата и работите во периодот од 07.00ч до 8.30ч насабајле, и што се видовме.
Како што кажаваме почнуваме од Ѓорче. Тргнавме од клучката која доаѓа од Сарај и се уклучивме на булеварот Ѓорче Петорв. Во поглед на поставени сообраќајни знаци и сигнализација нема збор, се е како што треба, освен што од четири поставени коловозни ленти на булеварот (две во една насока, две во друга), едната – крајната десна и од двете страни се користи демек за кратко застанување од поголем дел од учесниците во сообраќајот, демек застанува некој на кратко, врши истовар на стока и роба, или некој купува бурек па пушта четири трепкачи и смета дека станал “невидлив”.
Шала на страна, но оваа пракса кај поголем дел од сите учесници во сообраќајот, стана навика а со таква навика дополнително се оптеретува движењето на возилата, па ретко во некој период од денот и да нема гужва, иако станува збор за булевар.
Вака некако е состојбата се до кружниот тек на Трговскиот Центар СП Планет, од каде после него па се до наредниот кружен тек од каде се уклучивме на Булеварот Партизански Одреди, имаше условно кажано регулирана гужва и немаше толку многу “невидливи” учесници во сообраќајот.
До надвожњакот за пешаци Влајко изгледа се како што треба, гужва да, но нема застој.
После семафорите на Влајко стигнавме до мостот “Обединети Нации” каде и пред него и после него од споредните импровизирани улички се приклучуваат возила од кој некои од нив возат и по тротоар се до наредните семафори од каде се пуштаат на самиот Булевар. Затоа овде би упатиле Апел за зголемено внимание од страна на сите учесници во сообраќајот вклучувајќи ги и пешаците, внимание на возилата кои буквално од добростење може да излезат пред вас, без притоа да имате можност за навремено да застанете.
Генерално обележаните велосипедски патеки се користат од велосипедисти но доста често сретнавме и електрични тротинети кои буквално летеа по патеката за велосипеди, а истите знаеа да се симнат и на пешачки и буквално да прелетат пред нечие возило. Кај таквите не видовме ниту кацига, ниту да даде сигнал дека ќе врти лево или десно, буквално ништо, сите со слушалки во уши и шибаат.
Да се разбереме, учесниците во сообраќајот кои управуваат електрични тротинети, имаат јасно дефинирани правила за учество во сообраќајот но многу ретко да не кажаме скоро ИЧ, истите не ги почитуваат. За таквите ќе издвоиме повеќе време во следните изданија на емисијата Morning Glory бидејќи нештата таму се излезени од контрола.
По бул.Партизански Одреди е релативно во ред, во смисла нема многу застанато од тие учесници кои се сметаат за невидливи со пуштени четири трепкачи, стандардно поголеми гужви се создаваат на семафорите кога се поминува Скопје Сити Мол, но не е нешто страшно, освен нервозните возачи кои на споредниот пешачки премин пред и после Скопје Сити Мол најверојатно неможејќи да ги дочекаат да го поминат пешачкиот премин пешаците, нервозно реагираат со свирење а некои знаат и да тргнат без притоа да ги пуштат сите пешаци да поминат.
Стигнавме на семафорот на раскрсницата помеѓу Партизански Одреди, ул.Бледски Договор и ул.Прашка.
Овде имаме чуство дека семафорот е некако чудно подесен па возилата кои доаѓаат од двете споредни улици и би сакале да се уклучат на булеварот Партизански Одреди, некако кратко им е времето па се создава дополнително гужва.
Од таму па се до крајот на булеварот Партизанска и семафорите кај соборна, нештата се горе долу во ред, гужва има да, но застој нема.
Овде поради сите нервози поминати до тука, има проблем со нервозните учесници во сообраќајот. Посебно на деловите кај семафорот на бившата Агенција за млади и спорт, пешачкиот премин кај Силбо, пешачкиот после него кај Градежен, кај Буњаковец, КИМ и буквално на сите пешачки до соборна.
Затоа Апел до сите за зголемено внимание и прилагодување на брзината.
Од семафорот на соборна одиме лево, поминуваме покрај влада, преку мостот и доаѓаме под плоштадот Скендер Бег.
До таму нема никаков поголем застој, нема невидливи кои застануваат со четири, а под плоштадот Скендер Бег иако стандардно има гужва, истата не трае и движењето оди брзо.
Дојдовме на семафорите кај Мавровка.
Од тука вртиме лево и одиме во правец на Чаир.
Пред Бит Пазар на самиот почеток, кај надвожњакот за пешаци, има импровизиран пешачки премин, кој го поврзува пазарот и поликлиниката Бит Пазар. Овој импровизиран пешачки премин е многу ама многу фреквентен, а пешаците знаат доста често и да го злоупотребат трпението на возачите, па затоа Апел до сите учесници во сообраќајот за посебно внимание на овој импровизиран пешачки премин.
После тоа па се до семафорот кај што свртивме на ул.Џон Кенеди, нештата се релативно добри, иако има гужва, застој нема, свирење нема, пцуење нема. Има и овде од тие невидливите како и такви со скутери и електрични тротинети, кои без никаква опрема за безбедност летаат по улиците.
По Џон Кенеди исто сообраќајот се одвива во гужва без поголем застој. Овде би сакале исто да упатиме Апел до сите учесници во сообраќајот, да внимаваат повеќе при поминувањето на пешачките пред и после Средното Училиште “Цветан Димов”.
Овде имаме деца на 14+ години кои се движат претежно со скутери. Апел до нив и до родителите, нека децата носат опрема за безбедбсот особено кацига.
Стигнавме до семафорот на раскрсницата со бул.Македонско Косовска Бригада и ул.Топаанска.
Свртивме лево и движејќи се по булеварот Македонско Косовска Бригада во насока кон Пластичарската стигнавме до семафорот на раскрсницата на бул.Никола Карев. Пред се и овде сакаме да посочиме исто на зголемена претпазливост и внимание на делот после бензинската Арена Петрол па се до семафорот на раскрсницата на бул.Никола Карев, бидејќи голем дел од куќите во овој подем се изградени буквално до самиот пат и доста често дечиња знаат да излезат од куќите директно на патот.
Продолжуваме по бул.Никола Карев или така наречената Пластичарска, за која немаме коментар.
Тротоарот кој е со прописни димензии е адаптиран за паркинг, едната десна коловозна лента во едната насока и другата десна коловозна лента во другата насока, исто се трансформирани во паркинг, помеѓу нив застанати невидливи возачи со пуштени четири трепкачи, од добро стоење пред вас ќе се појави дечко кој носи во тацна чај или кафе од едната до другата страна.
Се на се Апел за многу многу внимание дури ја возите Пластичарската.
Продолживме право и дојдовме до хотел Континентал а од таму по бул.Александар Македонски уште право до семафорите на студентскиот дом Стив Наумов. Стандардно на тој подем од булеварот од Континентал до семафорите има гужва бидејќи ова е и влез и излез од Скопје, но застој нема. На семафорите свртивме десно по ул.Интернационални Бригади и на првата раскрсница карши Против Пожарната Станица свртивме десно во насока на Европа Скопје и Пивара по ул.Кочо Битољану.
Овде од самото свртување лево па се до самиот крај на улицата Кочо Битољану препорачуваме за внимателно возење. Веќе подолго време оваа улица се реконструира но никако да дојде и да го видиме крајот на раконструирањето. Имаме испакнати шахти, непополнати отвори за атмосферска канализација и уште еден куп мали нешта, кои бараат поголемо внимание, има поставена сигнализација и маркирање скоро на сите такви моменти, но сепак сето тоа го отежнува нормалното движење и бара поголемо внимание.
На крајот од оваа улица свртивме десно по бул.Киро Глигоров. Е овде е приказна сама за себе, гужва, застој, не се мрда ништо се до семафорите после мостот близнаци. Претпоставуваме дека овде гужвата доаѓа од моментот на поврзување на повеќе делови од градот, како и тоа дека од овде е и влез и излез од Скопје, индустриска зона, градежна зона и еден куп нешта, кои допринесуваат за стварање на оваа гужва.
На семафорот после мостот Близнаци, продолживме право по бул.Србија. Овде веќе се осеќа реалтивно нормализирање на гужвата но видовме доста агресивно и нервозно возење кое најверојатно е последица на сето тоа што до овој момент го поминавме до овде.
Продолживме право се до семафорите на крајот од Опш.Аеродром и влезот во Опш.Кисела Вода, поточно раскрсницата од бул.Србија и бул.Борис Трајковски.
И овде продолживме право се до кружниот тек на бивша последна 24ка, каде се исклучивме десно по ул.Христо Татарчев во насока кон Расадник во Кисела Вода.
Од самото свртување на десно на кружниот тек по ул.Христо Татарчев па се до крајот на Основното Училиште Круме Кепески, улицата е ископана и е во фаза на реконструкција. Има некаква да не кажеме никаква сигнализација и сообраќајни знаци дека улицата е во реконтруирање, но ништо кое наведува и ни дава до знаење дека треба да возиме внимателно.
На почетокот од Основното Училиште Круме Кепески има поставено сообраќаен знак за пешачки премин но истот не се почитува скоро од 95% од учесниците во сообраќајот и претставува сериозна закана по безбедноста на децата кои учат во ова училиште. Се ствараат нервозни ситуации од пешаци (родители, баби, дедовци) кои ги носат на училиште дечињата, бидејќи скоро никој од учесниците во сообраќајот не застана на знакот кој сигнализира пешачки премин.
АПЕЛИРАМЕ на многу големо внимание на сите учесници во сообраќајот на овој подем од кружниот тек на бивша последна 24ка па се до крајот од Основното Училиште Круме Кепески на ул.Христо Татарчев.
Продолживме право се до семафорот на Мечкаров. Гужвата е страшна а исто се ствара застој кој знае да трае, а тоа е поради реконструирањето на паралелната улица со Христо Татарчев а тоа е улицата Георги Димитров која скоро цела е затворена за сообраќај.
И така продолживме уште право се до рампа, каде и го завршивме нашето денешно возење.
Да сумираме:
- Премногу невидливи учесници во сообраќајот;
- Премногу некористење на давање сигнал / трепкач, при вртење лево или десно;
- Недоволна сигнализација на одредени места на одредени улици;
- Не почитување на пропишаната брзина на одредени булевари;
- Не носење на безбедносна опрема од страна на возачи кои управуваат велосипеди, електрични тротинети, скутери, како и не почитување на сообраќајните правила на истите.
Од нашето возење за денес толку.
Morning Glory
Е подржана и помогната од:
- MOTUL моторни масла
- ТАВ МАК акумулатори
- Бербер Шоп ВИТО
- Ќебапчилница Фонтана ИБ
- Бербер Шоп Сичо
- All Electric | AGV helmets | HJC helmets