Да направиме пресек на Bikers Garage за 2023 година и да се потсетиме на сите убави моменти во годината што изминува.
Имавме година во која конечно успеавме да станеме независни, во смисла да изградиме наш медиум каде ќе имаме програма без притоа некој друг да ни каже кога, како и каде да емитуваме, да ја менуваме содржината или пак не тој гостин или нешто друго, кое не му е по ќееф на некој.
Успеавме да направиме наше студио, кое се уште го правиме, за да може да исполнуваме некои стандарди кои се налагаат од самото работење, но најважно Програмата, Гостите, Содржината и темите на муабет да бидат без стегање.
Сезоната ја отворивме со Тони Лазаровски Батка, како прв гостин.
Потоа следеа:
Јорде Јованов В’К fine craft rakija, Боби Трте со најава за настанот во Пеленица, Филип од гостилница Баба и Деде, Александар од Фотка, Петар Стојановски free biker, Андреја Андреевски SteelWings MC Macedonia, Јоне од ресторан Срна, Ане Гајдов од Old School winery, Боби Иванов Мото Клуб Вардар, Благоја Анастасовски Мото Клуб Газиместан, Мики MK Iron Ghosts – Sv.Nedelja, Ведран Ановски од Ruststained Heavy Metal band од Скопје, Ивица The Strongest Macedonia, Огне Мото Клуб Вепар, Владе Rolling Wheels MC,Simon John од Весписти Скопје и Ване од МК Црна Река Македонија.
Успеавме да организираме три настани:
BikeMeet & Food Festival – Пеленица,
Bikers Party – Марков Манастир,
и за прв пат оваа година го организиравме Bikers Moto Show.
Благодарност до сите наши гости, до сите мото клубови и до сите подржувачи, без кој оваа наша приказна сигурно немаше да изгледа вака.
Ви посакуваме многу здравје и многу безбедни километри во 2024 година.
Наздравје
(илустрираната слика подолу, е дело на Ратко)