BIKEMEET & FOOD FEST

BIKEMEET & FOOD FEST

VOL.II

MОТО ФЕСТИВАЛ НА ТРАДИЦИОНАЛНА МАКЕДОНСКА ХРАНА

февруари 2023

во организација на:
Aлександар Божинов автор на BIKERS GARAGE radio broadcast network
и MCC IRON GHOSTS Sv.Nedelja – Hrvatska

Опис на настанот

Фебруари 2023 година, на ден 25.02 сабота, во организација на Bikers Garage radio broadcast network – Македонија и MCC IRON GHOSTS Sv.Nedelja – Hrvatska, за втор пат ќе се одржи мото фестивал на традиционална македонска храна, каде ќе биде промовирана македонската кујна, домашни производители на прехрамбени продукти, алкохолни пијалоци и вино, занаетчиско пиво и други, како и начинот на приготвување на различни традиционални специјалитети.

Основната цел на настанот, е со подршка и вклучување на повеќе организации и мото клубови, сета храна која ќе биде подготвена истата да биде поделена бесплатно тој ден помеѓу присутните, како и да се достави преку дел од присутните до семејства кои се социјално загрозени или дел да се достави до локалните верски објекти од каде би била поделена храната.

За време на настанот, повеќе мото клубови ( претставници на различни мото клубови од Македонија ), ќе подготвуваат традиционални македонски рецепти, како:

  • традиционално гравче
  • традиционална компир манџа
  • традиционална зелка манџа
  • традиционален ѓувеч
  • традиционална чорба (телешка и шкембе)
  • чомлек
Почеток09:30 часот
Крај: 15:30 часот
ЛокацијаПеленица – Драчево | Општина Кисела Вода