Емисија Bikers Garage | Сезона VI

Bikers Garage Сезона VI

| Епизода: 01

12.02.2026 год.

| Гостин: Ивица Пренџов | Crossbearers MK

Оваа шестта сезона на подкастот на Bikers Garage, ќе ја отвориме на 12ти Фебруари.

Ивица е наш голем пријател и подржувач на идејата за подкастот, кој досега веќе неколку пати бил наш гостин.

Секој пат темата на која сме разговарале во подкастот била за даден момент и активност, која се случувала на мото сцената во Македонија.

Овој пат ќе говориме и муабетиме на тема ХУМАНОСТ и Хуманитарни Акции кои по некое непишано правило скоро повеќето клубови ако не и сите, ги организираат.

Ова не го праиме за да креваме фанфари или промо-галама, туку да пробаме да ја подигнеме општата култура и она човечното кај секој еден од нас.

Тоа во кратко како најава за првата епизода од шесттата сезона.

Гледајте а богами и слушајте не!

Bikers Garage | live podcast from Long Play Rock Bar

Technical support: GoNet Communications