Во продолжение го пренесуваме известувањето за одложување на 8-от Интернационален Мото Собир во организација на Мото Клуб Свети Николе:
Почитувани мото клубови, моторџии, драги пријатели,
на денешниот состанок, членството на клубот, поради временските прогнози дадени од УХМР на РСМ кои предвидуваат циклонска активност која носи променливо и нестабилно време проследено со електрични празнења и обилни врнежи од дожд за време на престојната седмица и викенд, донесе едногласна одлука за ОДЛОЖУВАЊЕ НА 8-от ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН МОТО СОБИР за предвидениот датум 26-28 Мај 2023 година и ПРЕЗАКАЖУВАЊЕ НА ИСТИОТ за 30-ти Јуни – 2-ри Јули 2023 година.
Искрено жалиме поради презакажувањето на овој настан кој сите ние нестрпливо го очекувавме и се надеваме на Ваше разбирање бидејќи се работи за настан на отворено и временските неприлики сериозно влијаат на самиот настан.
Се гледаме на 30-ти Јуни и 1-ви Јули 2023 година и уште еднаш се извинуваме за настанатата промена и со нетрпение Ве очекуваме на новиот термин.
Новиот датум а кој ќе се одржи 8-от Интернационален Мото Собир е закажан за 30 Јуни и 1 Јули.
Се гледаме во Свети Николе!