3 FROM 1 на BIKERS GARAGE RADIO

Денес е 1-ви Мај Меѓународен ден на трудот, а ние сме трудољубиви и ја сакаме работата особено нашата работа. А наша работа е да информираме и ве информираме дека на ред е најновото издание на 3 FROM 1 а во него ви го претставуваме еден од најголемите гранџ бендови. Веќе погодувате, тоа е американскиот гранџ рок бенд Нирвана!

Нирвана е американски рок бенд формиран во Абердин, Вашингтон, во 1987 година. Основан од водечкиот пејач и гитарист Курт Кобејн и басистот Крист Новоселиќ. Во бендот поминаа цела низа тапанари, прво Чад Чанинг, а во 1990 година групата го регрутира Дејв Грол. Со успехот на Нирвана се популаризираше алтернативниот рок и тие често беа споменувани како главна група на генерацијата X. Нивната музика и денес е популарна и има голем број на следбеници и продолжува да влијае на модерната рок култура. Во доцните 1980-ти, Нирвана се етаблира како дел од гранџ-сцената во Сиетл, објавувајќи го својот прв албум – Bleach, за независната издавачка куќа Sub Pop во 1989 година. По потпишувањето со големата издавачка куќа DGC Records во 1991 година, Нирвана постигна неочекуван мејнстрим успех со „Smells Like Teen Spirit“, првиот сингл од нивниот значаен втор албум Nevermind (1991). Како “Културен феномен” од 1990-тите, Nevermind беше сертифициран од RIAA и е заслужен за ставање крај на доминацијата на Metal Hard Rock музиката.

Карактеризиран со нивната панк естетика, спојувањето на поп-мелодиите на Нирвана со шумот, во комбинација со нивните теми на понижување и социјално отуѓување, им донесе глобална популарност. По опсежните турнеи и компилацискиот албум Incesticide и EP Hormoaning од 1992 година, бендот го издаде својот мошне очекуван трет студиски албум, In Utero (1993). Албумот се најде на врвот и на топ листите во САД и во Велика Британија и беше одлично оценет од критичарите. Нирвана се распадна по самоубиството на Кобејн во април 1994 година. Понатамошните изданија беа надгледувани од Новоселиќ, Грол и вдовицата на Кобејн, Кортни Лав. Албумот во живо MTV Unplugged во Њујорк (1994) ја освои најдобрата изведба на алтернативна музика на Греми наградите во 1996 година.

Нирвана е еден од најпродаваните бендови на сите времиња, има продадено повеќе од 75 милиони плочи ширум светот. За краткото време на своето постење од три години, Нирвана се добитници на американска музичка награда, наградите Брит и Греми, како и седум награди за видео музика на MTV и две NME награди. Тие остварија пет хитови број еден на листата за алтернативни песни на Билборд и четири албуми број еден на Билборд 200. Во 2004 година, списанието “Ролинг Стоун” ја позиционираше Нирвана меѓу 100-те најдобри уметници на сите времиња. Тие беа примени во Рокенрол Куќата на славните во нивната прва година на номинирање во 2014 година.

Музичкиот блок 3 FROM 1 се емитува на BIKERS GARAGE RADIO BROADCAST NETWORK во следните термини: 10.30 / 16.30 и 22.30
Bikers Garage Radio Broadcast Network можете да слушате во живо на следниот линк: https://bikersgarage.mk/live-stream/