3 FROM 1 на BIKERS GARAGE RADIO

Pearl Jam е американска рок група, формирана во Сиетл во 1990 година. Таа е една од најпопуларните групи во почетокот на 1990-тите заедно со Nirvana и Soundgarden.

Бендот е формиран од страна на Еди Ведер како водечки вокал и гитара, Џеф Ејмент свирел на бас гитара, Стоун Госард бил ритам гитарист и Мајк Мекриди бил на соло гитара. Тапанарот Мет Камерон член на бендот станал во 1998 година, како тапанар и на Саундгарден. Pearl Jam се профилирале на актуелната сцена со деби албумот Ten по распаѓањето на претходниот бенд на Ејмент и Госард – „Mother Love Bone“.

Pearl Jam биле критикувани како големи материјалисти на алтернативната рок експанзија како еден од главните бендови во почетокот на 90-тите години. Сепак, со текот на кариерата на бендот, членовите одбивале да се придржуваат на традиционалните практикувања во музичката индустрија и правење на музички записи како и вклучување во објавениот бојкот на Тикетмастер. Ролинг Стоун во 2006 година го опишале бендот како „бенд кој изминатата декада намерно ја уништил својата слава.Бендот продал преку 30 милиони плочи во САД,и околу 60 милиони насекаде во светот уште од самиот почеток. Pearl Jam траел многу подолго отколку другите бендови од алтернативниот рок пробив во почетокот на 1990-тите години и се смета за еден од највлијателните бендови на декадата. „Allmusic“ (All Music Guide, AMG) ги опишува Pearl Jam како „најпопуларниот рокендрол бенд на 90-тите години“.

Во периодот од 1984 до 1990 година Стоун Госард и Џеф Ејмент биле членови на пионирскиот гранџ бенд Грин Ривер во средината на 80-тите години. Грин Ривер правел музички турнеи и снимал плочи за солиден успех, но бендот се распаднал во 1987 година поради стилска поделба помеѓу другарите од бендот Марк Арм и Стив Тарнер Кон крајот на 1987 година, Госард и Ејмент започнале да соработуваат со Ендрју Вуд, вокалот на Malfunkshun што резултирало со создавање на бендот „Mother Love Bone“. Во 1988 и 1989 година, бендот снимал албуми и правел турнеи на сѐ поголем интерес и со поддршката на издавачката куќа PolyGram склучиле договор во почетокот на 1989 година. Деби албумот ”Apple” на бендот „Mother Love Bone“ бил пуштен во продажба во јули 1990 година, четири месеци откако Вуд починал од предозирање со хероин. Ејмент и Госард биле уништени од смртта на Вуд што довело до распаѓање на бендот „Mother Love Bone“. Госард, по ова го поминуваше своето време пишувајќи „по мрачен“ материјал од оној кој го пишувал претходно. По неколку месеци, Госард започнал да вежба со Мајк Мекриди– гитарист од Сиетл чиј бенд Shadow претходно се распаднал. Мекриди за возврат го охрабрувал Госард повторно да се здружи со Ејмент.

По кратко време соработка, триото испратило демо-лента со пет песни на неа за да најдат вокалист и тапанар. Демото му го дале на поранешниот тапанар на Red Hot Chili Pepers, Џек Ајронс за да види дали би бил заинтересиран да се придружи во бендот и да го даде демото на некој кој тој смета дека би можел да се совпадне како водечки вокал во бендот. Ајронс не ја прифати поканата, но демото го дал на неговиот другар од кошарка – пејачот Еди Ведер од Сан Диего, Калифорнија. Ведер бил главниот вокал во бендот од Сан Диего, Bad Radio и работел на скратено работно време на бензиска станица. Тој ги слушнал песните на лентата, кратко пред да оди на сурфање и текстовите му се допаднале. Потоа снимиле три од песните на лентата („Alive”,„Once”,и „Footsteps”) кои по објавувањето ги опишал како мини-опера со наслов „Mamasan“. Ведер ја вратил лентата со снимените песни на тројцата музичари од Сиетл кои биле доволно воодушевени за да дојде Ведер на аудиција во Сиетл. За една недела, Ведер се придружил на бендот. Бендот го добил името Mookie Bleylock по активниот тогаш „All Star” кошаркарски играч, по поставувањето на Дејв Крусен како тапанар во бендот.

Pearl Jam го сминил својот деби албум „Ten“ во март1991 година во „London Bridge Studios” во Сиетл Мекриди изјавил дека „Ten” бил повеќе на Стоун и Џеф, а додека Мекриди и Еди тогаш учествувале пасивно“. Крусен го напуштил бендот во мај1991 година откако се пријавил на рехабилитација.Мет Чемберлејн го зазел местото на Крусен кој претходно имал свирено со Edie Brickell и New Bohemians. Откако свирел во само неколку шоуа, вклучувајќи го и снимањето на видео записот на песната „Alive”., Чемберлејн го напуштил бендот и станал член на бендот „Saturday Night Live”. Чемберлејн го предложил Дејв Абруцезе за своја замена. Абрузес се приклучил на групата и свирл на останатите шоуа на Pearl Jam, поддржувајќи го албумот Тен.Со успехот на албумот „Ten”, Pearl Jam станале клучни членови на гранџ експанзијата во Сиетл заедно со Alice in Chains, Nirvana и Soundgarden. Музичките новинари го критикувале бендот. Британското музичко списание „NME” изјавило дека Pearl Jam „се обидуват да крадат пари од џебовите на младите“. Пејачот на Нирвана, Курт Кобеjн луто ги нападнал Pearl Jam тврдејќи дека бендот е комерцијална распродажба и тврдел дека „Ten” не е вистински алтернативен албум бидејќи во него има истакнати гитаристи. Кобејн подоцна се смирил со Еди Ведер и тие наводно биле пријатели пред самоубиството на Кобејн во 1994 година.

На 11 јули 2013 година, групата објавила дека нивниот десетти студиски албум Lightning Bolt ќе биде објавен на меѓународно ниво на 14 октомври 2013 година и следниот ден во САД, заедно со објавувањето на првиот сингл „Mind Your Manners“. Групата имала двојна турнеја во Северна Америка во текот на октомври и ноември, проследена со учество на фестивалот Big Day Out во Австралија и Нов Зеланд во 2014 година. Вториот сингл, „Sirens“, бил објавен на 18 септември 2013 година. Откако се продал во 166.000 примероци во својата прва недела, Lightning Bolt станал петтиот албум на Pearl Jam кој се искачил на врвот на Билборд 200. На 57-годишните Греми награди во февруари 2015 година, албумот ја добил наградата за најдобар снимен албум. Во ноември 2015 година, групата имала деветдневна турнеја во Латинска Америка.Во јануари 2016 година, групата одржала турнеја низ Соединетите држави и Канада, вклучително и настапи на џез-фестивалот во Њу Орлеанс. Во април 2017 година, Pearl Jam бил примен во Куќата на Славните на Рокенролот. На церемонијата тие биле пречекани од комичарот Дејвид Летерман. Во август 2017 година, групата го објавила албумот во живо и концертниот филм Let’s Play Two.

Бендот започнал турнеја во 2018 година со настапи во Јужна Америка во март 2018 година, вклучително и настапи на фестивалот „Лолапалуза“ во Бразил, Чиле и Аргентина, при што последната ноќ настапот бил откажан поради силниот дожд ноќта пред тоа, ппроследени со настапи во Европа и Северна Америка. Турнејата опфатила два настапи за добротворни цели поврзани со бездомништво во родниот град на групата Сиетл.

Пред првите настапи на турнејата, Pearl Jam објавил нова песна Can’t Deny Me“. Во декември 2019 година, Pearl Jam потврдил дека тие ќе ја обиколат Европа во летото 2020 година. На 13 јануари 2020 година, групата објавила дека нивниот единаесетти студиски албум, Gigaton, ќе биде објавен на 27 март 2020 година. Во врска со објавувањето на нивниот единаесетти студиски албум, групата исто така објавила и датуми на турнеи во Северна Америка во текот на март и април 2020 година. На 22 јануари 2020 година, групата го објавила својот прв сингл од албумот, Dance of the Clairvoyants. Поради пандемијата на коронавирусот, концертите на групата биле откажани.

Споредено со другите гранџ-бендови од раните 90-ти, стилот на Pearl Jam е значително помалку тежок и потсеќа на класичната рок-музика од 1970-тите години. Pearl Jam навел многу влијанија на панк-рок и класични рок бендови, вклучувајќи ги The Who, Led Zeppelin, Neil Young, Kiss и Ramones.. Успехот на групата се припишува на неговиот звук, кој го спојува „тешкиот рок од 70-тите години со ритамот и гневот од 80-тите години на пост-панкот.“ Стилот на ритамот на гитарата на Госард е познат по чувството за ритам додека водечкиот гитараист Мекриди е под влијание на уметници како Џими Хендрикс и е опишан како „осетлив ориентиран“.

Pearl Jam го проширил својот музички опсег преку своите последователни изданија. Бидејќи имал повеќе влијание врз звукот на групата, Ведер се обидел да го направи музичкиот настап на групата помалку привлечен. Тој изјавил: „Чувствував дека со поголема популарност, ние ќе се уништиме.“ До Vitalogy во 1994 година, групата започнала да вклучува повеќе панк влијанија во нејзината музика. Албумот на групата во 1996 година, No Code, бил намерна пауза од музичкиот стил на Ten. Песните на албумот содржат елементи на гаражен рок, светски ритам и експериментализам. После „Yield“ во 1998 година, што претставувал мало враќање на директниот рок пристап кон раната работа на групата, тие повторно се вратиле на експериментален уметнички рок на албумот Binaural од 2000 година и со елементи на фолк рок на албумот Riot Act во 2002 година. Албумот на групата, Pearl Jam од 2006 година, бил наведен како враќање на нивниот ран звук. Нивниот албум во 2009 година, Backspacer, содржи елементи на поп и нов бран.

Критичарот Џим ДеРогатис го опишува вокалистот Ведер како „вокал налик на Џим Морисон“. Грег Прато од AllMusic рекол: „Со својот тврд и честопати исповеден лирски стил, Ведер стана и еден од повеќето копирани водечки пејачи во целата рок сцена”. Лирските теми на Ведер се движат од лични („Alive“, „Betterman“) до социјални и политички проблеми („Even Flow“,„World Wide Suicide“). Неговите стихови честопати се повикуваат на употреба на раскажување приказни и вклучуваат теми за слобода, индивидуализам и сочувство кон проблематичните поединци. Кога бендот започнал со своите настапи, Госард и Мекриди биле јасно означени како водечки гитаристи. Динамиката започнала да се менува кога Ведер започнал да свири повеќе ритам во гитара за време на ерата на Vitalogy. Мекриди во 2006 година изјавил: „И покрај тоа што имаме три гитари, мислам дека можеби има уште повеќе простор сега. Стоун ќе се повлече и ќе игра линија со две нотации, а Еди ќе направи моќен акорд, и јас се вклопувам во сето тоа

Музичкиот блок 3 FROM 1 се емитува на BIKERS GARAGE RADIO BROADCAST NETWORK во следните термини: 10.30 / 16.30 и 22.30
Bikers Garage Radio Broadcast Network можете да слушате во живо на следниот линк: https://bikersgarage.mk/live-stream/