За прв пат во историјата на Македонскиот мотоциклизам, Македонија ќе има двајца претставници на водечкиот светски шампионат во издржливост на кружни патеки “FIM Endurance World Championship” (FIM EWC).
Наши претставници ќе бидат Христијан Бузалковски и Синиша Кочоски, а со тоа тие ќе бидат првите Македонски мотоциклисти кои ќе земат учество на овој настан чија традиција датира од 1894 година.
Првиот натпревар за нашите мотоциклисти на “24 часа Ле Ман” од “FIM Endurance World Championship” (FIM EWC), ќе биде на 19ти Април 2025.
Го поздравуваме успехот на Бузалковски и Кочоски и со нетрпение го очекуваме нивниот настап на “24 часа Ле Ман” за да ги бодриме и навиваме.

