Конечно: Концерт на FUNK SHUI во Скопје

Задоволство ни е да соопштиме дека после точно 4 години Фанк Шуи се враќаат на македонската сцена со самостоен концерт, на 31-ви Март во Денсинг салата на МКЦ! Овој концерт воедно ќе претставува и промоција на долгоочекуваниот трет студиски албум насловен “Никогаш Пак”. Фанк Шуи најавуваат концерт од час и половина во кои забавата и задоволството од музика се гарантирани. Влезниците за концертот се веќе во продажба и може да се купат онлајн на bileti.mkc.mk како и на билетарницата на МКЦ. Се гледаме на 31-ви Март.