Мото клуб МЕЧКИ заедно со своите пријатели и оваа зима по 17ти пат го организираат
ДЕДО МРАЗ НА МОТОР
ПРИДРУЖЕТЕ ИМ СЕ ЗА И ОВОЈ ПАТ ДА ИМА НАСМЕВКА ПОВЕЌЕ!
За 25ти Декември агендата е следна:
Во 11:30 часот на градскиот плоштад во Куманово “Маршал Тито”, пред Домот на Култура-Куманово маскирани како Дедомразовци на мотор, членовите на клубот и останатите моторџии – пријатели, ќе поделат изненадувања за најмалите.
Во 12:45 часот се тргнува од плоштадот со мало дефиле низ улиците на Куманово, за да во 13:00 часот се биде пред дневниот центар за лица со посебни потреби, каде на штитениците од дневниот центар ќе им се поделат подароци и пакетчиња.
Дојдете во убаво расположение и не заборавајте, тој ден Дедо Мраз на мотор ќе биде во Куманово!
