Мега Ауто Партс е увозник и дистрибутер на авто делови од реномирани германски и западноевропски производители на резервни авто делови, кои воглавно се и прво вградени во многу возила.
Асортиманот на MOTUL е дел од големата понудата која може да се најде во Мега Ауто Партс.
MOTUL има конкурентна позиција во индустријата на моторни масла од 1853 година. Спојот на традицијата, посветеноста и модерната технологија, денес овозможуваат задоволување на највисоките меѓународни стандарди за квалитет.
MOTUL е застапен во сите сегменти, како моторни масла за автомобилската индустрија, мотоцикли, автобуси, камиони и во наутиката.
Од неодамна тие во својот фокус, на висока позиција ја ставија и грижата за мотроцикли / MC CARE, сегмент во кој нудат богата понуда како идеална поддршка и третман на моторциклот и опремата.
Производите се наменети за сите кои го сакаат најдоброто за својот мотор.

