Во официјалното соопштени од клубот стои:
Драги пријатели,
ценети моторџии,
почитувани клубови!
Со големо задоволство го најавуваме 8-от Интернационален мото собир во
организација на Мото клубот Свети Николе МЦЦ со богата програма од
познати бендови кој ќе се одржи на 26-ти, 27-ми и 28-ми Мај 2023
година.
Засега е најавено дека свој настап на мото собирот ќе има бендот ГАЛИЈА.
Подетални информации и детали ќе следуваат во наредниот период.