Викендот што помина, во неделата на 19-ти Февруари, за втор пат со одржа Мото Фестивал на традиционална македонска храна. Местото на настанот беше прекрасниот манастирски комплекс во Пеленица во подножјето на Китка Планина. Би сакале да искажеме голема благодарност до сите Мото Клубови кои беа дел од настанот и приготвија прекрасна храна. Благодарност до: Мото Клуб Вепар Македонија, MK Bears Macedonia, MCC Sveti Nikole Macedonia, MK Cross Breares Macedonia, Custom Choppers MCC, МК Куманово, Old FOX Bikers Macedonia, како и до МК Конзули Битола и Tzar Tower Riders MCC Macedonia, кои по втор пат оваа година не почестија со своето присуство и специјалитет кој само тие го приготвуваат. Благодарност до Мото Драчево Жути кои ни обезбедија подршка и логистика за фестивалот. Благодарност до сите мото клубови како од Македонија така и надвор од нашата држава, без наши гости и го направија денот посебен. Благодарност до сите гости кои прекрасниот сончев ден беа горе во Пеленица и со своето присуство направија фестивалот да биде повеќе од успешен. Благодарност до Општина Кисела Вода која безрезервно го подржа и помогна фестивалот, како и благодарност до Старешината на манастирот и нејзиниот домаќин, кои по втор пат ни овозможија да го користеме просторот во прекрасниот манастирски комплекс. Да сме здрави и живи, догодина да го направиме уште поубав. Во продолжение погледнете ја галеријата од фестивалот.
Галерија – BIKEMEET & FOOD FEST vol.II / 19.02.2023 / Организација: Bikers Garage и MK Iron Ghosts Sveta Nedelja Hrvatska