Хедонисти, авантуристи, зависници од многу адреналинско возење и вистински вљубеници во бескрајните излети во природа, ние го имаме одговорот на сите ваши потреби со нашите добро осмислени и уникатни тури . Секое возење е нова уникатна приказна, многу дружба, најдобри фотографии за спомен, чиста и ретка авантура. Забавата е загарантирана.
Рута 1 ,,Exploring Kichevo”
(Добреноец – Кнежино – Крушино – Добреноец)
Оваа тура е наменета за сите авантуристи кои сакаат да искусат вистинско
адреналинско ,,off road” задоволство и од друг агол да ги истражат најпознатите
излетнички места во Кичево. Возејќи по живописни патеки се искачуваме на
надморска висина од над 1000м до селото Кнежино и Кнежинскиот манастир, потоа
нашата авантура продолжува кон нашата следна дестинација спортско
рекреативниот центар Крушино и повторно не очекува извонредна патека низ
борова шума по која се спуштаме кон нашата почетна точка попатно уживајќи во
прекрасниот поглед на планинскиот масив кој се протега пред нас и течението на
реката Треска.

Должина на рута: 20 км
Времетраење на рута : 1:30 до 2:00 часа (со вклучена пауза)
Надморска висина : почетна 657м – највисока 1180м
Терен : асфалт 3,5км – земја 16,5 км
Рута 2 ,,Feel the mountain”
(Добреноец –Речиште(Бистра) – Кнежино – Крушино – Добреноец)
Доколку поседувате авантуристички дух а во исто време сте жедни за повеќе ,,off
road” километри исполнети со адреналин и уживање, оваа рута како
надополнување на Рута 1 е наменета токму за вас. Најпрво започнуваме со
интензивно искачување кон планината Бистра до месноста викана ,,Речиште” на
надморска висина од 1464м, се релаксираме во прекрасни пејзажи и чист планински
воздух. Потоа се спуштаме кон селото Кнежино и нашето возење продолжува до
Кнежинскиот манастир и спортско рекреативниот центар Крушино каде преку
прекрасните патеки низ борова шума се спуштаме до нашата крајна дестинација.

Должина на рута: 35 км
Времетраење на рута : 2:30 до 3:00 часа (со вклучена пауза)
Надморска висина : почетна 657м – највисока 1464м
Терен : асфалт 3,5км – земја 31,5 км
Дополнителни информации и резрвации:
+389 71 254 070 , +389 45 287 414
www.atvaresidencehotel.mk

