ATV Residence Adventure – Off Road Бистра – Кичево

Хедонисти, авантуристи, зависници од многу адреналинско возење и вистински вљубеници во бескрајните излети во природа, ние го имаме одговорот на сите ваши потреби со нашите добро осмислени и уникатни тури . Секое возење е нова уникатна приказна, многу дружба, најдобри фотографии за спомен, чиста и ретка авантура. Забавата е загарантирана.

Рута 1 ,,Exploring Kichevo”

(Добреноец – Кнежино – Крушино – Добреноец)

Оваа тура е наменета за сите авантуристи кои сакаат да искусат вистинско

адреналинско ,,off road” задоволство и од друг агол да ги истражат најпознатите

излетнички места во Кичево. Возејќи по живописни патеки се искачуваме на

надморска висина од над 1000м до селото Кнежино и Кнежинскиот манастир, потоа

нашата авантура продолжува кон нашата следна дестинација спортско

рекреативниот центар Крушино и повторно не очекува извонредна патека низ

борова шума по која се спуштаме кон нашата почетна точка попатно уживајќи во

прекрасниот поглед на планинскиот масив кој се протега пред нас и течението на

реката Треска.

Должина на рута: 20 км

Времетраење на рута : 1:30 до 2:00 часа (со вклучена пауза)

Надморска висина : почетна 657м – највисока 1180м

Терен : асфалт 3,5км – земја 16,5 км

Рута 2 ,,Feel the mountain”

(Добреноец –Речиште(Бистра) – Кнежино – Крушино – Добреноец)

Доколку поседувате авантуристички дух а во исто време сте жедни за повеќе ,,off

road” километри исполнети со адреналин и уживање, оваа рута како

надополнување на Рута 1 е наменета токму за вас. Најпрво започнуваме со

интензивно искачување кон планината Бистра до месноста викана ,,Речиште” на

надморска висина од 1464м, се релаксираме во прекрасни пејзажи и чист планински

воздух. Потоа се спуштаме кон селото Кнежино и нашето возење продолжува до

Кнежинскиот манастир и спортско рекреативниот центар Крушино каде преку

прекрасните патеки низ борова шума се спуштаме до нашата крајна дестинација.

Должина на рута: 35 км

Времетраење на рута : 2:30 до 3:00 часа (со вклучена пауза)

Надморска висина : почетна 657м – највисока 1464м

Терен : асфалт 3,5км – земја 31,5 км

Дополнителни информации и резрвации: 

  +389 71 254 070  ,  +389 45 287 414

           www.atvaresidencehotel.mk