Во денешното,најново издание на 3 FROM 1 на BIKERS GARAGE RADIO ќе ги преслушаме метал легендите Black Sabbath!
Black Sabbath — англиски хеви метал бенд, формиран во Астон, Бирмингем во 1969 година од Ози Озборн (вокал), Тони Ајоми (гитара), Гизер Батлер (бас гитара) и Бил Ворд (тапани). Оттогаш бендот има направено повеќе промени во составот, а единствено Тони Ајоми остана постојан член на бендот низ текот на годините. Вкупно 22 музичари некогаш биле членови на Black Sabbath. Првично формиран во 1968 година како хеви блуз рок бенд наречен Земја (Earth), а подоцна во 1969 година преименуван во Блек сабат (Black Sabbath), бендот почнува да спојува окултни и хорор-стихови со ниско наштимани гитари и достигнува до невиден успех, добивајќи повеќе платински плочи во 1970-тите. И покрај поврзаноста со окултни и хорор теми, Black Sabbath, исто така, напишаа песни кои се занимаваат со социјална нестабилност, политичка корупција, опасностите од злоупотреба на наркотици и често апокалиптични пророштва на ужасите од војната. Блек сабат (Black Sabbath), како и Лед Цепелин (Led Zeppelin) и Дип Парпл (Deep Purple), се често нарекувани пионери на хеви металот. Бендот помогна да се до дефинира овој жанр, со албуми како четирикратниот платински албум Paranoid, издаен во 1970 година. Од МTV (Ем Ти Ви) беа прогласени за “најголем метал бенд” на сите времиња и се најдоја на второ место во VH1 “100 најголеми изведувачи на хард рок”, зад Лед Цепелин. Треба да се истакне и признанието од “Ролинг Стоун” кои ја претставија групата како “хеви метал кралеви на 70-тите години.
Тие имаат продадено над 15 милиони плочи само во Соединетите Американски Држави и повеќе од 70 милиони плочи низ целиот свет. Black Sabbath беа примени во “Рокенрол салата на славните” во 2006 година, а беа вклучени во списокот на 100те Најголеми изведувачи на сите времиња на списанието Ролинг Стоун. Поради прекумерената конзумација на дрога и алкохол, вокалистот Ози Озборн беше отпуштен од бендот во април 1979, после што започна многу успешна соло кариера, продавајќи повеќе од 55 милиони албуми. Тој беше заменат со поранешниот вокалист на Рејнбоу (Rainbow) Рони Џејмс Дио. После неколку албуми во соработка со вокалот и текстовите на Дио, Блек Сабат претрпува повеќе промени во составот во текот на осумдесеттите и деведесеттите години од минатиот век кога членуваа вокалистите Јан Гилан, Глен Хјуз, Реј Гилан и Тони Мартин. Во 1992 Ајоми и Батлер повторно се соединија со Дио и тапанарот Вини Апајс и го снимија (Dehumanizer). Оригиналната постава со Ози Озборн повторно се обедини во 1997 година и издаде албум во живо. Поставата од 1979–1982 и 1991–1992 година со Ајоми, Батлер, Дио и Апајс се реформира во 2006 година под името Рај и пекол (Heaven and Hell) и опстојуваа сè до смртта на Дио на 16ти мај 2010 година. На 11ти ноември 2011, оригиналните членови на бендот изјавија дека повторно се соединуваат и снимаат нов албум. Бендот го предводи Даунлоуд фестивалот (Download Festival) на 10 јуни 2012 година, по што ќе следува светска турнеја.
После распаѓањето на претходниот бенд, гитаристот Тони Ајоми и тапанарот Бил Ворд сакаа да формираат хеви блуз-рок бенд во Астон, Бирмингем. Тие двајцата ги регрутираа басистот Гизер Батлер и вокалистот Ози Озборн, кои свиреа заедно во бендот Редок вид (Rare Breed). Озборн имаше ставено реклама во музички шоп која гласеше “На Ози му треба тезга – има свој личен помошник”. Новата група првично се нарекуваше Полка Талк блуз бенд ((The Polka Tulk Blues Band) именувана по евтин бренд на талк пудра што Озборн ја видел во спалната на мајка му) и исто така таму свиреа и слајд-гитаристот Џими Филипс и саксофонистот Алан “Ејкр” Кларк. Откако го скратија името – Полка Талк, бендот набрзо го промени името во Земја ((Earth) кое Озборн го мразеше) и продолжија како четиричлен бенд без Филипс и Кларк. Додека бендот настапуваше под името Земја, сними повеќе демо снимки Бунтовникот (The Rebel), Песни за Џим (Song for Jim) и (When I Came Down), кои ги напиша Норман Хејнс. Во декември 1968 година, Ајоми отсечно ги напушти Земја за да се приклучи во Џетро тал (JethroTull). Иако имаше краткотрајна обврска во Џетро Тал, Ајоми се појави со нив во телевизското шоу Рокенрол циркусот на Ролинг стоун (The Rolling Stones Rock and RollCircus). Незадоволен од дирекцијата на Џетро Тал, Ајоми се врати во Земја во јануари 1969 година. “Не беше во ред, затоа си заминав”, изјави Ајоми. “Прво мислев дека Џетро Тал се супер, но не бев водач на бендот, тоа беше улогата на Јан Андерсон. Кога се вратив од Џетро Тал, се вратив со потполно нов став. Тие ме научија дека треба напорно да работиш за да напредуваш. ”Блек Сабат (Black Sabbath) во јануари 1970 година го издадоа својот прв сингл “Злобна Жена” (Evil woman) под филијала на Филипс – Фонатана рекордс. Понатамошните албуми беа издадени од Вертиго рекордс, ново формирана прогресивна рок оддел на Филипс. Иако синглот не се пласира на топ – листите, во ноември бендот одвои два дена во студио за да го сними нивниот прв деби – албум со продуцентот Роџер Бејн. Ајоми се сеќава на снимањето во живо: “Мислевме ‘Имаме два дена за снимање и еден за миксање’. И свиревме во живо. Ози пееше истовремено, само во различна кабина и така снимавме. Поголемиот дел од материјалот го снимавме одеднаш.” Блек Сабат беше издаен на петок 13ти во февруари 1970 година. Албумот се искачи на 8-мо место на листата на албуми во Британија (UK Albums Chart) и откако се пушти во продажба во САД и Канада во мај 1970 година издаен од Варнер брос рекордс, албумот достигнува до 23-то место на Билборд 200, каде се задржува повеќе од една година. Иако албумот доживува комерцијален успех, беше многу критикуван. Во една рецензија на Ролинг стоун, Лестер Бенгс го опишува како “нескладна импровизација со бас и гитара брзо испреплетувајќи се над други музички периметри, без никаква синхронизација”. И покрај критиките албумот се продава во значителен број, овозможувајќи му ги на бендот првите комерцијални успеси. Оттогаш албумот е сертифициран со платина во САД од Здружението на индустријата за снимање во Америка – Recording Industry Association of America (RIAA) и во Британија од Британската фонографска индустрија (British Phonographic Industry (BPI). За да профитираат од топ-листите во САД, бендот се враќа во студио во јуни 1970 година, после само четири месеци откако го издаваат “Блек Сабат”. Новиот албум првично треба да се вика “Свињи на војната” (War Pigs) по песната “Свињи на војната”, која беше критична во однос на војната во Виетнам. Како и да е “Ворнер” го менуваат името во “Параноид”. Синглот со кој албумот започнува,“Параноид”, е напишан во студиото во последен момент. Бил Ворд објаснува: “Немавме доволно песни за албумот и Тони само го отсвири рифот од “Параноид” на гитара и тоа беше тоа. Потребни беа дваесет, дваесет и пет минути од почеток до крај на песната”. Синглот беше издаен во септември 1970 година и достигнува до четвртото место на топ-листите во Велика Британија, останувајќи единствениот топ десет хит на Блек Сабат. Поттикнат од успехот на синглот “Параноид”, албумот достигнува до првото место на топ-листите во Британија во октомври 1970 година. Издавањето во САД беше одложено за јануари 1971 година, а кога “Параноид” се издаде во Велика Британија, албумот “Блек Сабат” сè уште беше на топ листите. Албумот достигнува број 12 во САД во март 1971 година, каде и ќе се продаде во четири милиони копии, практично без да се пушта на радио. Како и “Блек Сабат”, албумот е остро критикуван од рок критичарите во тоа време, но современите критичари како Стив Хјуи од “Allmusic” го класифицираат “Параноид” како “еден од најдобрите и највлијателните хеви метал албуми на сите времиња” и албум што го “дефинира звукот и стилот на хеви металот повеќе од било кој друг албум во рок историјата “. Во 2003 година, албумот беше рангиран на 130-то место на листата “500 Најдобри албуми на сите времиња” на списанието Rolling Stone. Успехот на топ-листите на “Параноид” му овозможи на бендот за првпат да оди на турнеја во САД во октомври 1970 година, што предизвика издавање на вториот сингл од албумот “Железен човек”. Иако синглот не успеа да се пласира помеѓу најдобрите 40, “Железен човек” останува една од најпопуларните песни на Black Sabbath, како и највисоко пласиран сингл на бендот во САД сè до 1998 година кога го издадаваат “Психо човек”.
Со “Господар на реалноста” (Master of Reality) и “4то издание” Volume 4 (1971–1973) Во февруари 1971 година, Блек Сабат се враќаат во студио и почнуваат да работат на нивниот трет албум. По комерцијалниот успех на Paranoid, бендот може да си дозволи повеќе време во студио, како и “куфер полн со пари” за да си купат дрога. “Се навлекувавме на кокаинот на големо”, објаснува Ворд. “Амфетамини, седативи, се што ќе посакате. Дојдовме до фаза каде што смислуваш идеи и ги забораваш во исто време, затоа што си премногу издрогиран.” Продукцијата беше комплетирана во април 1971 година, а во јули бендот го издаде “Господар на реалноста”, само шест месеци по издавањето на “Параноид”во САД. Албумот се пласира меѓу првите десет и во САД и во Велика Британија, а за помалку од два месеци на Блек Сабат им беше доделена златна плоча. Во 1980 година добија сертификат за платинеста, а на почетокот на 21 век за двојно платинеста плоча. “Господар на реалноста” ги содржи првите акустични песни на Блек Сабат како и омилените песни на обожавателите “Децата од гробот”(Children of the Grave) и “Сладок лист” (Sweet Leaf). И овде критиките се главно негативни. Во еден амбивалентен преглед на “Господар на реалноста” за “Ролинг Стоун”, Лестер Бенгс ја опишува последната песна “Децата од гробот”(Children of the Grave) како “наивно, просто, повторувачки, апсолутно бесмислена, но во традицијата (на рок н ролот) единствениот критетриум е возбудата, а неа ја има во Блек Сабат. Сепак, истото списание во 2003 година го рангира албумот на 298-мо место на листата “500 Најдобри албуми на сите времиња”. После светската турнеја со “Господар на реалноста”, Блек Сабат ја направија првата пауза во три години. Бил Ворд појаснува: “Бендот почна да станува поисцрпен и поуморен. Бевме на турнеја нон-стоп, секоја година и постојано снимавме. Мислам дека “Господар на реалноста” беше како крај на една ера, на првите три албуми и после него одлучивме да работиме на наредниот албум”. Во јуни 1972 година, бендот продолжува со работа на нивниот следен албум во Лос Анџелес во “Рекорд Плант” (Record Plant). Процесот на снимање е преплавен од проблеми, а многу од нив беа резултат од злоупотреба на психотропни супстанци. Бил Ворд беше речиси отпуштен од бендот. “Јас ги мразев песната, имаше некои шеми кои беа едноставно … ужасни” изјави Бил. На крајот ја снимив, но потоа сите беа ладни кон мене:“Па, само оди си дома, не си повеќе корисен во моментов”.Сечувствувавкакодаја имам оплескано работата, за малку ќе ме избркаа од бендот”.Првичниот наслов на албумот беше “Снежно слепило” (Snowblind)поистоимената песна, чија тематика езлоупотребанакокаин. Издавачкатакуќавопоследенмомент госменинасловотво“4то Издание на Блек Сабат” (Black Sabbath Vol. 4), а на тоа Ворд одговори “Немаше издание 1,2 и 3, и затоа тоа е навистина глупав наслов”. “4то Издание на Блек Сабат”беше издадено во септември 1972 година, и додека критичарите гледаја со презир на издавањето на албумот, тој достигна до статус златен албум за помалку од месец и беше четврт по ред албум на бендот што се продаде во милион копии во САД. Со повеќе време во студиото, во 4то издание, се гледа дека бендот почнува да експериментира со нови структури како жици, пијано, оркестрација и песни со повеќе делови.Песната “Утрешен сон”(Tomorrow’s Dream) беше издадена како сингл, првиот сингл на бендот после Paranoid, не успеа да се пласира на топ-листите.По голема турнеја на САД, бендот отпатува во Австралија и Нов Зеланд за првпат во 1973 година, а подоцна и во континентална Европа.
После светската турнеја “4то Издание” Блек Сабат се вратија во Лос Анџелес за да почнат да работат на нивниот следен албум. Задоволни со албумот “4то Издание”, бендот се обиде да ја рекреира атмосфератана снимање и се врати во студиото “Рекорд Плант” во Лос Анџелес. Со новите музички иновации од тој период, бендот се изненади што откри дека собата на “Рекорд Плант” која ја користеле претходно беше заменета од “џиновски синтисајзер”. Бендот изнајми куќа во Бел Ер и почна да пишува песни во летото 1973 година, но поради злоупотреба на супстанции и замор, тие не можеа да ги завршат сите песни.“Не произлегувавме со идеи како на “4то издание” и бевме навистина незадоволни” изјави Ајоми.“Ситеседeјатамуи чекаамене да ми текне нешто. Не можев да мислам на ништо. И ако мене не ми текнеше ништо, никојнебисторилништо”.По еден месец во Лос Анџелес без никаков резултат, бендот реши да се врати во Англија, каде што го изнајми замокот Клирвел во Шумата на Дин. “Вежбавме во занданитеи тоа беше навистина морничаво но имаше некоја атмосфера, од која произлегуваа работи и повторно почнавме да смислуваме нови идеи”.Додека работеа во зандана, Ајоми тетеравеше врз главниот риф на “Сабат крвав Сабат”, кој го одреди тонот за новиот материјал. Новите песни,снимениод Мајк Бучер во студијатаМорган во Лондон, и базирајќи се врз стилските промени воведени во“4то Издание”, вклучуваат синтисајзери, жици, и комплицирани аранжмани. Во ноември 1973 година, Блек Сабат го издаде “Сабат крвав Сабат”, кој беше прифатен од јавноста.За првпат во својата кариера, бендот почна да добива позитивни критики во трендовските медиуми. Имено,Гордон Флечер од Ролинг Стоун го опишува албумот како “извонредно возбудлива афера” и “ништо помалку од целосен успех”.Подоцна рецензентите како Едуардо Ривадавиаод Ол мјузик го оценуваат албумот како “ремек-дело, од суштинско значење за секоја хеви метал колекција”, а исто така наведуваат дека прикажува”новооткриената смисла на стил и зрелост”. Албумот означен како петти последователен албум на бендот кој се продаде во платински тираж во САД, се искачи до 4tо место на топ-листите во Велика Британија, а на 11то место во САД.
Бендот започна светска турнеја во јануари 1974 година, која кулминираше со фестивалот Калифорнија Џем во Онтарио, Калифорнија на 6 април 1974 година. Привлекувајќи повеќе од 200.000 обожаватели, Black Sabbath се појави заедно со рок и поп гиганти на седумдесеттите Дип П’рпл, Иглс, Емерсон, Лејк и Палмер, Рер ‘Рт, Силс и Крофтс, Блек Оук Арканзас, и Земја, ветер и оган (Earth, wind and fire).Делови на шоуто беа емитувани на “Еј Би Си”телевизија во САД, што го изложи бендот пред пошироката американска публика. Во истата година, бендот го смена менаџерот, потпишувајќи со озлогласениот англискиот менаџер Дон Арден.Овој потег предизвика договорен спор со поранешниот менаџерна Блек Сабат, а во меѓувреме на Ози му беше врачен налог за судски процес од времетраење од две години.
Во февруари 1975 година Блек Сабатпочна да работи на својот шести албум, повторно во Англија, воСтудијатаМорган во Вилзден, овој пат со одлучувачка визија да годиференцираат звукот на албумот од “Сабат крвав Сабат”. “Можевме да продолжиме се така натаму, да станеме повеќе технички, со користење на оркестри и се друго што ние лично не го сакавме. Се погледнавме себеси и си рековме сакаме да направиме рок албум, што “Сабат крвав Сабат” и не беше. Саботажа беше издаден во јули 1975 година, а продуценти беа Блек Сабат и Мајк Бучер. Како и неговиот претходник, албумот доби позитивни критики, меѓу кои критиката на Ролинг Стоун:”Саботажа не е само најдобар албум наБлек Сабатпосле“Параноја”, туку можеби и најдобар досега”. “Саботажа”се пласира меѓунајдобрите 20 и во САД и во Велика Британија, но беше првиот албум на бендот кој не достигнаплатински статус во САД, туку доби само сертификат за златна плоча. Иако единствениот сингл од албумот “Дали полудувам” (Am I Going Insane) не се пласира на топ-листите, “Саботажа” ја содржи песната “Дупка во небото” (Hole In The Sky) и “Симптом на универзумот” (Symptom Of The Universe), кои се омилени меѓу обожавателите. Блек Сабат отиде на турнеја со “Саботажа”, а бендот “Бакнеж” (Kiss) отвраше како предгрупа. Меѓутоа, во ноември 1975 година, беа принудени накратко да ја одложат турнејата, бидејќи Озборн пукна мускул на грбот во несреќа со мотоцикл.Во декември 1975 година, издавачките куќи на бендот објавијакомпилација “Албум со најголемите хитови” без да знае бендот, и ја именуваа “Си ги продадовме душите за Рокенрол” (We Sold Our Souls For Rock ‘N’ Roll). Албумот беше на топ-листите цела 1976година, и на крајот се продаде во два милионикопии во САД.“Техничка екстаза”(Technical Ecstasy)и “Никогаш не вели умри!” and (Never Say Die!) (1976–1979)
Во јуни 1976 година Блек Сабат почнаа да работат на нивниот следеналбум во студијата Критерија во Мајами, Флорида. За да ги усоврши својот звук, бендот го додаде клавијатуристот Гери Вудруф, кој исто така гостуваше на“Саботажа”.“Техничка екстаза”, кој беше издаден на 25 септември 1976 година, беше облеан со мешани критики.За првпат коментарите не се подобруваа како што одминуваше времето; Две децении понеговото издавање Ол мјузик му даде две ѕвезди на албумот, и истакна дека бендот е “разоткриен до алармантна стапка”.Албумот содржи помалку од бавниот, застрашувачки звук на претходните песни, а вклучува повеќе синтисајзери и побрзи рок песни.“Техничка екстаза”успеа да се пласира меѓу најобрите 50 во САД, и беше втор албум на бендот по ред што не постигна платинест статус, меѓутоа подоцнаво 1997 годинаму се додели златна плоча. Албумот гисодржи “Валкани жени” (Dirty Women), кој останува главна песна во живо, како и првата песна со Бил Ворд како главен вокал “Тоа е Добро”(That’s Allright). Турнејата за “Техничка екстаза” започна во ноември 1976 година во САД, каде предгрупи беа Бостон и Тед Нуџент, а заврши во Европа во април 1977 година, со Еј-Си Ди-Си (AC DC)како предгрупа. Во ноември 1977 година, додека бендот правеше проба за нивниот следен албум, само неколку дена пред да влезат во студио, Ози Озборн го напушти бендот.”Последната албуми на Сабат беа едноставно премногу депресивни за мене”, рече Озборн. “Јас го правев за доброто на она што може да извлечемеод издавачките куќи.”На пробите во октомври 1977 година беше донесен поранешниот вокалист на Флитвуд Мек и Савој Браун, Дејв Вокер, и бендот почна да работи на нови песни. Блек Сабатизлегоја на својот прв и единствен настап со Вокер на вокали на телевизиската прграма на Би-Би-Си “Гледај! Слушај!”каде отсвирија рана верзија на песната “Очите на Јуниор” (Junior’s Eyes). Озборн, започна да формира соло-проект, каде членуваа поранешите членови на Д’рти Трикс (Dirty Tricks) Џон Фрејзер-Бини, Тери Хорбри и Енди Бим. Новиот бенд почна со проби во јануари 1978 година, но Озборн се премисли и се врати во Блек Сабат. “Три дена пред да одиме во студио, Ози реши да се врати во бендот”, објаснува Ајоми”. Тој не сакаше да пее ниедна од песните кои ги напишавме со другиот, па тоа ја отежна работата. Влеговме во студиото во суштина без песни. Пишувавме рано наутро за да можеме да пробуваме и да снимаме навечер. Тоа беше многу тешко, како подвижна лента, затоа што не можеш да добиеш време да размислуваш за нешто. “Дали е ова точно? Дали она работи правилно? Тоа за мене беше многу тешко, толку набрзо да ми произлезат идеи и да ги составам. Бендот за време пет месеци во Саундс Интерчејнџ Студијата (Sounds Interchange Studios) во Торонто, Канада, го напишува и сними албумот ”Никогаш не вели умри!” (Never Say Die!).”Тоа е навистина долго време”, изјави Ајоми. Многу се дрогиравме, навистина многу. Ќе одевме на сесија и моравме да се завршиме пред време и да си одиме бидејќи бевме премногу издрогирани. Никој не можеше да направи ништо како што треба, бевме расфрлани насекаде, сите свиреја различно. Се враќавме дома, преспивавме и се обидувавме повторно следниот ден”.Албумот е издаден во септември 1978 година достигна до12то место во Велика Британија, и 69то во САД. Коментарите во весниците беа негативни и не се подобрија. Две децении по издавањето на албумот, Едуардо Ривадавиа од Ол Мјузик нзјави дека“несконцентрираните песни од албумот совршено рефлектираат на личните проблеми и консумирањето дрога на членовите од бендот”.На албумот се најдоја сингловите”Никогаш не вели умри!” (Never Say Die!)и “Тежок пат” (Hard Road), и двете влегоја меѓу најдобрите 40 во Ве лика Британија, а бендот излезе на нивниот втор настап на “Врвот на популарните” (Top Of The Pops), каде ја отсвирија”Никогаш не вели умри!” (Never Say Die!). За речиси 20 години албумот доби сертификат за златна плоча. Во мај 1978 започна турнејата за ”Никогаш не вели умри!” (Never Say Die!) со Ван Хален (Van Halen) како предгрупа.Критичарите за изведбата рекоја дека е “уморна и неинспирирана”, целосен контраст на “младешкиот” настап на Ван Хален, коиза првпат беа на светска турнеја. Во јуни 1978 година Блек Сабат снимија еден настап на Хамерсмит Одеон, кој подоцна беше издаден на DVD под името ”Никогаш не вели умри!” (Never Say Die!).Последниот настап од турнејата, воедно и последниот настап на Озборн со бендот (до подоцнежното повторно соединување), беше во Албакрки, Ново Мексико на 11 декември. После турнејата, Блек Сабат се вратија во Лос Анџелес и повторно изнајмија куќа во Бел Ер, каде што поминаа речиси една година работјќи на материјалот за следниот албум.Во 1979 година, по притисок од издавачката куќа, и фрустрациитепоради недостатокотод идеи на Озборн, Тони донесе одлука да го отпушти Ози Озборн од бендот. “Во тоа време, Ози бешепри крај”, рече Ајоми. “Сите многу се дрогиравме, многу кокаин, се по многу и Ози во тоа време премногу се пијанеше. Требаше да се проба,а ништо не се случуваше. Тоа изгледаше вака:”Ќе правиме проба денес? Не, утре ќе правиме”. Тоа се влоши премногу што не правевме апсолутно ништо. Едноставно згаснавме”. Тони го избра Тапанарот Бил Ворд, кој беше близок со Озборн, да му ја соопшти веста на пејачот. “Се надевам дека бев професионален, всушност може и да не бев. Ужасен сум кога сум пијан, дури и одбивен”вели Ворд. “Алкохолот дефинитивно беше една најштетните работи заБлек Сабат. Бендот беше отровен, многу отровен”.
Во септември 1979 година Гизер Батлер привремено го напушти бендот, а го замена басистот Џеф Николас од бендот “Кварц” (Quartz).Во ноември новата постава се врати во студијата Критеријаза да започне со снимање.Во јануари 1980 годинаБатлер се вративо бендот, а Николас се префрли на клавијатури. Продуциран од Мартин Бирч, “Рај и пекол”(Heaven and Hell) беше издаден на 25 април 1980 година, и критички прифатен. По нешто повеќе од една деценија откако албумот беше издаден, Ол мјузик изјави дека “албумот е еден од најдобрите албум на Сабат досега, дека бендот звучи како прероден и дека во целост е полн со енергија”. “Рај и пекол”достигна број 9 во Велика Британија, и број 28 во САД, и беше најголем пласман на албум по“Саботажа”.Албумот се продаде во еден милион копии во САД, и бендот започна голема светска турнеја, со нивниот прв настап во живо со Дио во Германија на 17 април 1980 година.
Двата членови од оригиналната постава си заминаа, Тони Ајоми и Гизер Батлер, започнаа аудиција за нов пејач за следниот албум на групата. Ники Мур од Самсон и Џон Сломан од Лоун Стар доаѓаа во превдид. Бендот се задоволи со поранешниот пејач на Дип Парпл, Јан Гилан кој го замени Рони Џејмс Дио во декември 1982 година. На почетокот, проектот не требаше да се вика Блек Сабат, но притисоците од издавачката куќа ја натера групата да го задржи името. Бендот влезе во Манор Студијата во Шиптон на Червел, Оксфордшир, во јуни 1983 година со Бил Ворд на тапани кој се врати трезен. По пуштањето во продажба, “Повторно роден” беше осуден од критиката. И покрај негативниот прием на албумот, тој стигна до место број четири на листите во Велика Британија и број 39 во САД. Дури деценија после тоа Едуардо Ривадавиа од Allmusic го нарече албумот “ужасен“, наведувајќи дека “меланхоличниот стил на Гилан и хумористичните текстови на песните беа комплетно некомпатибилни со господарите на уништувањето и суморноста“.
Иако беше на албумот, тапанарот Бил Ворд не беше во можност да оди на турнеја поради притисокот и се откажа од бендот на почетокот на турнејата “Повторно роден”. Се распаднав од идејата за турнеја,“ рече Ворд подоцна. “Имав толку многу стравови од турнеите, не зборував за страво-наместо тоа пиев и тоа беше голема грешка. Ворд беше заменет од Бев Беван поранешниот тапанар на Електрик Лајт Оркестра за светската турнеја “Повторно роден” 83-84 година, (често нарекувана како симулирана Смрт на Сабат “83-84“ Светска Турнеја) која започна во Европа со “Дијамантска Глава” (Diamond Head), а подоцна во САД со “Тивок Бунт” (Quiet Riot)и “Ноќен Ренџер” (Night Ranger). Бендот се насочи кон Рединг фестивалот во 1983, додавајќи ја песната на Дип Парпл “Smoke on the Water” на нивниот список на песни.Турнејата за поддршка на “Повторно роден” вклучи огромна сцена што го прикажуваше споменикот Stonehenge. За овај потез кој подоцна ќе биде пародиран во mockumentary Ова е пункција во кичма (This is Spinal Tap), бендот направи грешка што го порача споменикот. Гизер Батлер. подоцна објасни:
Таткото на Шерон Озборн, Дон Арден, ни беше менаџер. Негова беше идејата за да го имаме споменикот Stonehenge на сцена. Тој ги запиша димензиите и им ги даде на нашиот менаџер за турнејата. Тој ги запиша во метри но мислеше да ги запише во стапки. Луѓето што го правеа видоа петнаесет метри наместо петнаесет стапки. Тоа беше високо 45 стапки и немаше да одговара за ниту една сцена, па така ние моравме да ја оставиме во складиштето. Таа чинеше богатство да се направи но немаше зграда на Земјата во која што можеше да се смести.“Пукнатина” (Hiatus) и “Седмата ѕвезда” (Seventh Star)(1984 -1986)
По завршувањето на турнејата “Повторно роден” во март 1984 година, пејачот Јан Гилан ги напушти Блек Сабат за повторно да се придржи на Дип Парпл, кои се реформираа после долг јаз. Беван си отиде во истото време, а Гилан забележа дека тој и Беван беа направени да се чувствуваат “изнајмена помош“ од Ајоми. Бендот потоа регрутираше еден непознат пејач од Лос Анџелес по име Дејвид Донато. Новата постава пишуваше и вежбаше низ целата 1984 година, и на крај сними демо снимка со продуцентот Боб Езрин во октомври. Несреќни од резултатите, бендот се збогува Донато нешто подоцна. Разочаран со променливоста на поставата басистот Гизер Батлер ги напушти Блек Сабат во ноември 1984 година и формира соло бенд. “Кога Јан Гилан го дојде тоа беше крај за мене“, рече Батлер подоцна. “Јас мислев дека тоа е само шега и јас тотално си отидов. Кога се состанавме со Гилан, тоа не требаше да биде албум на Блек Сабат. Откако го направивме албумот му го дадовме на Варнер Брос, тие рекоа дека ќе го пуштат во продажба како албум на Блек Сабат а ние немавме глас. Јас бев навистина разочаран од него а Гилан многу се налути. Тоа траеше еден албум и една турнеја и тоа беше тоа.“
Откако Батлер си замина, единствениот преостанат првобитен член Тони Ајоми ја постави Блек Сабата на јаз, и започна работа на соло албум со клавијатуристот Џеф Николс, кој беше долго време во Блек Сабат. Додека оригиналната постава на Блек Сабат работеше на нов материјал, им беше понуден спот во хуманитарниот концерт Live Aid на Боб Гелдоф; бендот се согласи, и имаше настап во Филаделфија, на 13 јули 1985 година. На тој настап првобитната постава за првпат се појави на сцената после 1978 година, заедно со повторни соедитите Ху и Лед Цепелин. Враќајќи се на својата соло работа Ајоми го ангажира басистот Дејв Шпиц и тапанарот Ерик Сингер, и првобитно имаше намера да користи повеќе пејачи, вкључувајќи го и Роб Халфорд од Џудас Прист, поранешниот пејач на Дип Парпл и Трапез, Глен Хјуз, и поранешниот пејач на Блек сабат, Рони Џејмс Дио, но овај план не излезе како што предвидуваше тој. “Сакавме да користиме различни пејачи на албумот, пејачи гости, но беше толку тешко да се соберат и да се издадат од нивните издавачки куќи. Глен Хјуз дојде да пее на една песна и одлучивме да го користиме на цекиот албум.“
Бендот го помина преостанатиот дел од годината во студио, снимајќи го “Седмата ѕвезда”. Ворнер Брос, одби да го издаде албумот како соло издание на Тони Ајоми, наместо тоа инсистираше да се издаде под името Блек Сабат. Под притисок на менаџерот на бендот, Дон Арден, двајцата најдоа компромис и го издадоа албумот како “Блек Сабат со Тони Ајоми“ во јануари 1986 година. “Тоа навистина отвори цела конзерва со црвја“, објасни Ајоми, “бидејќи јас мислам ако го направевме како соло албум, тој ќе беше многу повеќе прифатен“. Седмата ѕвезда, која што малку звучеше како албум на Блек Сабат, содржеше повеќе хард рок елементи популаризирани со хард рок сцена на Sunset strip од 1980те, и беше критикувана тогаш, иако подоцна рецензентите, како на пример Allmusic му дадоа поволни рецензии на албумот, нарекувајќи го “често несфатен и потценет“.
Блек Сабат почна да работи на нов материјал во октомври 1986 година во Еар студијата во Монтсерат со продуцентот Џеф Гликсман. Снимањето беше проследено со проблеми од почетокот, бидејќи Гликсман си замина после почетните сесии, и беше заменет со продуцентот Вик Коперсмит – Хевн. Басистот Дејв Шпиц си замина заради “лични проблеми“, а поранешниот басист на Рејнбоу, Боб Дејсли ги пресними сите бас траки, и текстовите на песните на албумот, но пред албумот да биде завршен, тој го напушти бендот за да му се придружи на придружниот бенд на Гери Мур, и земајќи го со него и тапанарот Ерик Сингер. После проблемите со вториот продуцент Коперсмит-Хевн, бендот се вратил во Морган студијата во Англија во јануари 1987 година за да работи со новиот продуцент Крис Цангаридес. Додека работеле во Велика Британија, новиот пејач Реј Гилен изненадно ги напуштил Блек Сабат за да го формира бендот Blue Murder со Џон Сајкс. Бендот го ангажирал поранешниот пејач на Alliance, Тони Мартин, за да ги пресними песните на Гилен и поранешниот тапанар на Electric Light Orchestra, Бев Беван, за да се завршат неколку дуплирања на перкусиите. Пред издавањео на новиот албум, Блек Сабат прифати понуда да настапат на шест концерти во Сан Сити, Јужна Африка за време на ерата на апартхејдот. Бендот ја навлече критиката од активистите и артистите вклучени во “Обединети уметници против Апартхејдот” (Artists United Against Apartheid), кои ја бојкотираа Јужна Африка уште од 1985 година. Тапанарот Бев Беван одби да свири, и го замени Тери Чајмс од Клеш.
После скоро една година продукција, “Вечниот идол” беше пуштен во продажба на 8 декември 1987 година и беше игнориран од современите рецензенти. Директните ревизии на интернет ерата беа измешани. Allmusic рекоа дека “силниот глас на Мартин додал нов оган на бендот“, а албумот содржел “некои од најтешките рифови на Ајоми.“ Блендер му даде на албумот две звезди, изјавувајќи дека албумот бил “Блек сабат само на име“. Албумот достигна на број 66 во Велика Британија, а на 168 место во САД. Бендот имаше турнеја за поддршка на “Вечниот идол” во Германија, Италија и за првпат во Грција. За несреќа, делумно поради силната реакција на промотерите за инцидентот во Јужна Африка, другите Европски концерти беа откажани. Басистот Дејв Спиц го напушти бендот пред турнејата, и го замени Џо Барт од Вирџинија Вулф.
После слабиот комерцијален успех на “Вечниот идол”, Блек Сабат беа напуштени од Вертиго Рекордс и Ворнер Брос Рекордс, а потпишаа со И.Р.С. Рекордс. Бендот зеде одмор во 1988 година, а се врати во август за да започне со работа на нивниот следен албум. Како резултат на проблемите со снимањето на “Вечниот идол”, Тони Ајоми се одлучи самиот да го продуцира следниот албум на бендот. “Тоа беше комплетно нов почеток“ рекол Ајоми. “Јас морав повторно да размислам за целата работа, и одлучив дека нам ни е потребно повторно да изградиме извесен кредибилитет“. Ајоми го ангажирал поранешниот тапанар на Реинбоу, Кози Пауел, клавијатурист Николс и басистот Лоренс Котл, и изнајмил “многу евтино студио во Англија“.
Блек сабат го издаде “Обезглавен крст” (Headless Cross)во април 1989 година и повторно беа игнорирани од современите рецензенти. На крај Allmusic му даде на албумот четири звезди, нарекувајќи го “Обезглавен крст” (Headless Cross) “најфиниот албум на Блек Сабат без Ози или Дио“. Закотвен на 62 место, албумот “Обезглавен крст” (Headless Cross) достигна до број 31 на листите во Велика Британија, и број 115 во САД. Гитаристот на Квин Брајан Меј, добар пријател на Ајоми, свиреше како соло гостин на песната “Кога Смртта Повикува“ (When Death Calls). По издавањето на албумот, бендот го придодаде турнејскиот басист Нил Мареј, кој порано членувал во Вајтснејк, следечкиот бенд на Гери Мур, и Вау Уау.
Рони Џејмс Дио и Гизер Батлер му се придружија на Тони Ајоми и Кози Пауел во есента 1990 година за да почнат да работат на следното издание на Блек Сабат. Додека вежбале во ноември, Пауел претрпел кршење на колкот кога неговиот коњ умрел, паѓајќи на нозете на тапанарот. Неспособен да го заврши албумот, Пауел бил заменет од поранешниот тапанар Вини Апајс, повторно обединувајќи ја поставата од времето на “Толпата владее” и бендот влегол во студио со продуцентот Реинхолд Мак. Процесот на снимање кој траел една година се соочил со проблеми, главно со тензијата помеѓу Ајоми и Дио за пишувањето на песните, и некои песни беа препишувани повеќепати. “На “Обесчовечувач” му требаше долго време, тој едноставно беше тешка работа“ рече Луми. “Ни одзеде премногу време, не кошташе милион долари, а тоа е проклето смешно“. Дио подоцна го нарече албумот тежок, но вреден за напорите. “Тоа беше нешто што ние моравме да го исцедиме од нас самите, но јас мислам затоа тој успеа“ рече тој. “Понекогаш ви треба таков вид на тензија, затоа што ќе направите Божиќен албум“. Албумот “Обесчовечувач” беше издаден на 22 јуни 1992 година, а во САД на 30 јуни 1992 година од Reprise Records, бидејќи Рони Џејмс Дио и истоимениот бенд беа сè уште под таа издавачка куќа. Додека албумот прими мешани рецензии, тоа беше најголемиот комерцијален успех на бендот во последната деценија. Усидрен на топ 40 рок радио со синглот “ТВ Крајмс“, најдобриот пласман на албумот беше 44 место на Билборд 200. Албумот исто така ја содржи песната “Временска машина“(Time Machine), од која беше снимена верзија за филмот “Светот на Вејн” во 1992 година. Додатно, перцепцијата на многу обожаватели за сличноста со “вистинската“ Блек Сабат му го обезбеди на бендот потребниот импулс, кој му беше многу потребен.
Блек Сабат почна со турнеја за поддршка на “Обесчовечувач” во јули 1992 година со Testament, Danzig, Prong, и Exodus. Додека беа на турнеја, претходниот пејач Ози Озборн го објави своето прво пензионирање, и ги покани Блек Сабат да бидат предгрупа за неговиот соло бенд на последните два концерти на неговата турнеја No More Tours во Costa Mesa, Калифорнија. Бендот се согласил, освен пејачот Рони Џејмс Дио, кој рече:
Дио ја напушти Блек Сабат после концертот во Оукленд, Калифорнија на 13 ноември 1992 година, една ноќ пред бендот да биде ангажиран да се појави на настапот за пензионирање на Озборн. Во последен момент им се приклучи Роб Халфорд, пејачот на Џудас Прист, настапувајќи два вечери со бендот. Ајоми и Батлер исто така му се придружија на Озборн и поранешниот тапанар Бил Ворд на бината за првпат после концертот Live Aid во 1985 година, изведувајќи краток сет од песните на Блек Сабат.Тапанарот Вини Апајс го напушти составот по настапот за повторно обединување и му се придружија на соло бендот на Рони Џејмс Дио, подоцна појавувајќи се во Strange Highwaysи Angry Machines на Дио. Ајоми и Батлер го ангажираа поранешниот тапанар на Реинбоу Боби Рондинели и поранешниот пејач Тони Мартин. Бендот се врати во студио за да работи на новиот материјал. Иако проектот не требаше да биде издаден под името Блек Сабат. Гизер Батлер објаснува:Тоа дури не ни требаше да биде албум на Сабат; јас немаше ниту да го направам под изговор на Сабат. Тоа беше времето кога оригиналниот бенд зборуваше за враќање повторно на турнеја за повторно обединување. Тони и јас само што влеговме внатре со неколку луѓе, направивме албум само за да имаме, додека се одвиваше (под претпоставка) турнејата за повторно обединување. Тоа беше како проект албум на Ајоми/Батлер.
Во 1997 година, Тони Ајоми ја распушти тековната постава на бендот за официјално повторно да се обединат со Ози Озборн и оригиналната постава на Блек Сабат. Пејачот Тони Мартин изјави преговори за обединување на оригиналната постава имало уште од краткотрајното обединување на бендот на настапот на Ози Озборн во Коста Меса во 1992 година, и дека бендот ги издал наредните неколку албуми само за да го исполни нивниот договор за снимање со I.R.S. records. Мартин изјави дека “Забрането” беше еден од тие албуми за исполнување на договорот. “Сепак, во тоа време јас не ја знаев таа информација. ”I.R.S. records издаде компилациски албум во 1996 за да го исполни договорот на бендот, со наслов “Камењата на Сабат” (The Sabbath Stones), во кој се најдоја песни од “Повторно роден” и “Забрането”.
Во летото 1997 година, Тони Ајоми, Гизер Батлер, и Ози Озборн официјално повторно се обединија за заедно да го предводат фестивалот Озфест заедно со соло бендот на Озборн. Во поставата беа тапанарот на Озборн, Мајк Бордин, замена за Бил Ворд, кој не беше во можност да учествува заради претходните обврски во својот соло проект, Бендот на Бил Ворд. Во декември 1997 година, на групата му се придружи Ворд, правејќи го првото обединување со четворицата оригинални членови после шоуто за пензионирање на Озборн во 1922 година. Оригиналната постава сними два настапи на Birmingham NEC, коишто беа издадени како дупли албум во живо “Повторно Обединување” на 20 октомври 1998 година. “Повторно Обединување достигна” на број единаесет на Билбордот 200, и доби платинеста плоча во САД. Албумот го исфрли синглот “Железен Човек“, којшто ја доби првата и единствена Греми награда на Блек Сабат во 2000 за Најдобра Метал Изведба, 30 години откако песната беше првобитно издадена. “Повторното Обединување” исто така содржи две нови студиски песни, “Психо Мен“ и “Продавање на Мојата Душа“. И двете се пробија на топ 20 на листата Билборд Меинстрим Рок.
Блек Сабат се врати во студио за да работи на нов материјал со сите четири оригинални членови и продуцентот Рик Рубин во пролетта 2001 година, но сесиите беа запрени кога Озборн беше повикан да ги заврши песните за неговиот соло албум во летото 2001 година. “Тоа едноставно дојде до крајот“, рече Ајоми. “Не отидовме понатаму, и тоа навистина е штета бидејќи [песните] беа навистина добри“. Ајоми коментираше за тешкотијата за да се соберат заедно сите членови на бендот за да работат на материјалот:
Во Март 2002, реалното шоуто “Озборнови” на Ози Озборн кое доби Еми, дебитираше на МТВ, и набрзина стана светски хит. Шоуто го претставуваше Озборн на пошироката публика и за да ја искористи издавачката куќа на претходниот каталог на бендот, Sanctuary Records издаде двоен албум во живо Past Lives, кој истакнуваше концертен материјал снимен во 70те години, кој го вклучуваше и претходно неофицијалниот албум Live at Last. Бендот остана во празнина (празен период) сè до летото 2004 година, кога тие се вратија и го предводеа Озфест 2004 и 2005 година. Во ноември 2005 година, Блек Сабат беа внесени во Музичката Сала на Славните на Велика Британија, а во 2006 година, после единаесет години на квалификации, бендот беше внесен во Рок енд Рол Салата на Славните во САД. На церемонијата Металика отсвири две песни на Блек Сабат, “Дупка во Небото“ и “Железен Човек“ како признание за бендот.
Додека Ози Озборн работеше на материјалот на новиот соло албум во 2006, Рино рекордс го издаде “Блек Сабат: Годините со Дио”, компилација на песни одбрани од четирите изданија на Блек Сабат со Рони Џејмс Дио. За издавањето, Ајоми Батлер, Дио и Апајс повторно се обединија за да напишат и снимат три нови песни под името Блек Сабат. “Годините со Дио” беше издаден на 3 април 2007 година, достигнувајќи на број 54 на Билбордот 200, додека синглот “Ѓаволот Плачеше“ достигна до број 37 на списокот на Меинстрим Рок Трекс. Задоволни од резултатите, Ајоми и Дио одлучија повторно да ја обединат поставата од времето на “Рај и пекол” за светска турнеја. Додека поставата со Озборн, Батлер, Ајоми и Ворд сè уште официјално беа нарекувани Блек Сабат, новата постава одлучи да работи под името “Рај и пекол, по албумот со истото име, за да се избегнува забуна. Тапанарот Бил Ворд првобитно требаше да учествува, но беше изоставен пред да започне турнејата заради музичките разлики со “неколку членови од бендот“. Тој беше заменет со поранешниот тапанар Вини Апајс, и делотворно повторно ја обедини поставата која што беше на албумите “Толпата владее” и “Обесчовечувач”.
На 26 мај 2009 година, Озборн поднесе тужба до федералниот суд во Њујорк против Ајоми тврдејќи дека тој илегално го барал името на бендот, Ајоми изјави дека тој е единствениот член на бендот сите четириесет и една година и дека неговите другари од бендот се одрекле од нивните права за името во 1980те, и според тоа тој има повеќе право за името на бендот. Иако, во процесот, Озборн бара 50% сопственост од името, тој рекол дека се надева дека сослушувањето ќе доведе до еднаква сопственост помеѓу четририте оригинални членови.На 16 мај 2010 година, Рони Џејмс Дио почина после борба со рак на стомакот. Во јуни 2010 година, правната битка помеѓу Ози Озборн и Тони Ајоми за сопственоста на името Блек Сабат заврши, но резултатите не биле откриени.
Во јануари 2010 година, во едно интервју кое ја промовираше неговата биографија, “Јас сум Ози”, Озборн изјавил дека иако тој не ја отфрла можноста за повторно обединување, тој се сомнева дека ќе има повторно обединување со сите оригинални членови. Озборн изјавил, “Јас нема да речам дека јас напишав [Повторно обединување] засекогаш, но токму сега не мислам дека има некаква шанса за тоа. Но којзнае што иднината ќе ми донесе? Ако тоа ми е судбина, во ред“. Озборн го споредува тоа со враќањето кај поранешна девојка, и вели: “Имав девојки кога бев помлад и ќе си речев, ’Ох, јас навистина би сакал да и се вратам на Ширли’, и тогаш го правиш тоа и се прашуваш самиот себеси, “Што мислев јас, по ѓаволите?“ Според Гизер Батлер, немаше да има повторно обединување на Блек Сабат со Озборн во 2011 година, бидејќи Озборн требаше да биде на турнеја со неговиот соло бенд.На 15 ти август 2011 година, една статија на музичкото мрежно место Метал Ток изгледаше како да го потврдува повторното обединување на поставата на Блек Сабат, велејќи дека Озборн, Ајоми, Батлер и Ворд одлучиле повторно да се обединат на 1 ви август а на 15 ти август “се собрале во нивното тајно студио да вежбаат, и започнал процесот на повторно враќање на сцената”, со шанси на “нов албум“. Сепак, два дена после тоа, Тони Ајоми на неговата официјално мрежно место напишал дека новинарот од Бирмингам, со кого тој разговарал за повторното обединување, ја преувеличувал вистината. Ајоми само шпекулирал, а актуелни планови за повторно обединување не постоеле.
Блек Сабат беа домаќини на приватна церемонија на 11 ноември 2011 година во Whisky a Go Go во Холивуд, Калифорнија. Домаќин бил поранешниот пејач на Блек Флег, Хенри Ролинс, а настанот настапија сите четири оригинални членови на бендот Блек Сабат. После долготрајните гласини, на овој настан, Блек Сабат објавиле дека тие официјално ќе се обединат повторно. Повторното обединување требаше да биде проследено со настап на Фестивалот Даунлоуд во 2012 година, и ново сниманиот студиски албум од продуцентот Рик Рубин кој се очекува да биде издаден кон крајот на 2012 година. Кога Ролинс го прашал бендот зошто сега избрале да се обединат повторно, Ајоми одговорил “Тоа ќе биде сега или никогаш. Одлично се сложуваме. Се е навистина добро“. Батлер исто така коментирал дека новиот материјал звучи како стариот стил и звук на Сабат“. На 18ти ноември бендот објавил низа на концерти од Европската турнеја што треба да се одржат во мај и јуни 2012 година.
Музичкиот блок 3 FROM 1 се емитува на BIKERS GARAGE RADIO BROADCAST NETWORK во следните термини: 10.30 / 16.30 и 22.30
Bikers Garage Radio Broadcast Network можете да слушате во живо на следниот линк: https://bikersgarage.mk/live-stream/