“БРАТСТВО НА ДВЕ ТРКАЛА”
Со овој слоган Мото Клуб Конзули Го најавуваат својот традиционален Мото Собир.
9 август | Сабота | Битола
“Ова не е само собир, ова е ритуал, звукот на моторите, мирисот на бензин, ладното пиво и ноќта под ѕвездите”.
Агенда за вистински моторџиски ден:
16:00
Пристигнување на Плоштад Магнолија, срцето на Битола
18:00
Грандиозно дефиле низ градот, нека се слуша звукот на моторите од Широк Сокак до Пелистер
19:00
Голем Мото Собир во Градскиот Парк
20:00 – 22:30
Emotion на сцената
подгревање на моторџиската крв!
22:30 – 01:00
Marvels ја носат финалната експлозија и не држат на нозе до крај!
Недела наутро?
Легендарната чкембе чорба, за будење, ресет и уште едно моторџиско „на здравје“!
Обезбедено:
Камп простор за шатори во самиот парк
Паркинг за моторите без грижи, само журка
Ладно пиво, вкусна скара, добра дружба, гарантирано!
Се гледаме за заедно да ги наполниме улиците на Битола со звукот на моторите и добрата енергија!
Добредојдени се сите моторџии, пријатели и љубители на добрата забава!

