ОТВАРАЊЕ НА МОТО СЕЗОНА 2025 година

Мото Асоцијацијата на Македонија на МК мото клубови организира настан ОТВАРАЊЕ НА МОТО СЕЗОНА

Настанот ќе се одржи на 13-ти Април 2025 година на плоштадот во Гевгелија со почеток од 12 часот.

Настанот предвидува неколкучасовно дружење помеѓу клубовите и моторџиите од Македонија и регионот проследено со настап на музичка група HITS со цел за одбележување на отварање на уште една возбудлива мото сезона.

Се покануваат сите МК, МС, МG клубови, интернационални клубови и индивидуални возачи, добронамерници и љубители на мото културата да земат учество на настанот.