“Не е се во Брзината” Бавна Трка

Moto Club Vepar

Оваа година по 8ми пат ја организираат манифестацијата “Не е се во Брзината” Бавна Трка.

Во продолжение сите детали:

Главната точка на оваа манифестација е бавната трка од едуктивен карактер којa има за цел да ја подигне свеста на сите учесници во сообраќајот, особено мотоциклистите, укажувајќи на потенцијалната опасност од управување со голема брзина, а истата е организирана од Мото Клуб Вепар веќе 8 години!

Трката ќе се одвива во 4 категории и тоа:

– Мотоцикли до 50 цм3

– Мотоцикли од 51 до 500 цм3

– Мотоцикли од 501 цм3 до 1000 цм3

– Мотоцикли поголеми од 1000 цм3

Трката ќе се одвива на начин на кој истовремено ќе се натпреваруваат по двајца учесници по систем на елиминација.

– Победникот продолжува со натпреварување;

– Победник е оној кој поспоро ќе стигне до целта;

* За победниците следат и награди!

Правила:

– Учесникот не смее да испадне од одбележаната траекторија;

– Учесникот не смее да допре со нога на земја (со самото допирање се елиминира од трката);

– Учесникот кој последен ќе ја помине целта е победник.

Сите заинтересирани за учество во мото трката “Бавна Трка” Vol. 8, можат да се пријават на штандот пред патеката во просториите на клубот, помеѓу 10:30 и 11.30 часот на денот на настанот или најкасно до Сабота до 15:00 часот.

Агенда:

10:30-11:30 часот– ПРИЈАВУВАЊЕ

12:00 часот– Официјално започнување на трката.

14:00 часот– Почеток на забавна програма со музика, скара, пивце и дружба.

19:00 часот– Затварање на настанот.

Учеството е бесплатно.

Мото Клуб Вепар 🏁