Драги пријатели, Мото Асоцијацијата на МК клубови на Македонија, го најавува настанот со кој и официјално оваа сезона ќе биде затворена.
Во продолжение соопштението од МАМ
“Моторџии, моторџики и сите љубители на две тркала — време е за уште една незаборавна дружба!
Ве покануваме на големото затворање на мото сезоната, со многу мотори, добра музика, добра храна, дружба, смеа и одлична забава!
Хард Рок
11.10.26
12:00
Повелете сите моторџии, но и сите гостиварчани да ја испратиме сезоната како што доликува — заедно, со полн гас и уште поголема забава !
Сите сте добредојдени!
Да се собереме, да се дружиме и да направиме забава што ќе се памети”.
Се гледаме во Гостивар!

