За Bikers Garage

МОТОРЏИЈА – Добар, Грд, Лош

Табу или Вистина?!

BIKERS GARAGE е единствено онлајн радио во македонскиот етер кое е уникатно по својата музичка содржина, но и по темата која ја обработуваме во нашиот Подкаст.

Сезона 1 на нашиот Подкаст започна со емитување во мај 2021 година. Се емитуваше секоја сабота со почеток во 13 часот. Во првата сезона од емисијата – подкастот, беа реализирани 28 изданија/епизоди.

Сезона 2 започна со емитување во јануари 2022 година. Се емитуваше секој четврток со почеток во 15 часот. Во втората сезона од емисијата – подкастот, беа реализирани 33 изданија/емисии.

Сезона 3 го имаше првото воведно издание на 19-ти Декември 2022 година. Во оваа трета сезона BIKERS GARAGE radio broadcast network веќе има своја сопствена програма која вклучува повеќе емисии и музички блокови, различни од се останато досега во македонскиот радио етер. Во третата сезона од емисијата – подкастот, беа реализирани 18 изданија/емисии.

Сезона 4 ја почнавме со емитување од сопствено ново студио, кое во претходната година успеавме да го завршиме и да биде спремно за почетокот на новата сезона. BIKERS GARAGE radio broadcast network оваа сезона, исто така ја отвори со свој канал на youtube каде подкастите од емисиите може да се следат во живо. Во четвртатта сезона од емисијата – подкастот, беа реализирани 14 изданија/емисии.

Емисијата – Подкастот, опфаќа теми кои го засегаат секој учесник во сообраќајот, но воедно ја промовира мото културата и мото општеството пред севкупната јавност. Разбудување на свеста кај сите учесници во сообраќајот и строго почитување на сообраќајните правила е примарната цел на емисијата а воедно и на BIKERS GARAGE. Една од водечките цели е, моторџиите да ги прикажеме во нивното вистинско светло, како едни од најголемите општествено одговорни лица. Запознавање со мото клубовите во Македонија како и прикажување на хиерархијата на еден мото клуб.

  • Личен осврт на гостинот;
  • Поглед на Мото Сцената во Македонија (на кај оди, како треба да биде…);
  • Дали можат и Дали имаат влијание моторџиите преку целокупното мото општество, да имаат влијание врз дадени и наметнати општествени норми и стандарди за кои поголемиот дел од јавноста во Македонија знае или смета дека не се исправни, па на тој начин преку влијанието на мото општеството да се случат позитивни промени.
  • Слоган: FROM BIKERS FOR BIKERS – FROM BIKERS FOR ALL

Музичката програма на Bikers Garage е од исклучително уникатен карактер И ЕДИНСТВЕНА!

Форматот AC (Adult Contemporary), т.е. прецизно дефиниран програмски распоред со кратки и интересни говорни сегменти и изобилство на странска квалитетна како и домашна Рок, Поп – Рок и Софт – Рок музика, се високо позиционирани во нашата музичка програма.

Целната популација се жени и мажи на возраст од 25 до 55+ години.

Освен активностите кои се реализираат претежно преку програмскиот распоред на BIKERS GARAGE radio broadcast network, BIKERS GARAGE во периодот 2021 година – 2025 година реализираше повеќе настани од отворен карактер, кои имаа за цел промоција на Мото Културата.

| РЕАЛИЗИРАНИ НАСТАНИ – детален преглед

1. BIKEMEET&FOOD Festival (2022 | 2023 | 2024)

Локација: Манастир Пеленица, Драчево

2. Bikers Moto Party (2021 | 2022 | 2023 | 2024) независен мото собир

Локација: Планина Огражден | Сопиште, с.Ракотинци | Марков Манастир | Аеродром Парк Авионче

3. Bikers Moto Show – More Than an Exhibition

Локација: 2023 East Gate Mall | 2024 Skopje City Mall