Сезона VI (2026 година)

BIKERS GARAGE radio broadcast network оваа сезона, подкастот ќе го емитува во живо од Long Play rock bar.

Podcast – от ќе опфаќа теми кои го засегаат секој учесник во сообраќајот а воедно ќе ја промовира мото културата и мото општеството пред севкупната јавност. Разбудување на свеста кај сите учесници во сообраќајот и строго почитување на сообраќајните правила е примарната цел, но и да не заборавиме на статистиката која вели дека Моторџиите (моторциклистите) се загрозена категорија на учесници во сообраќајот кај нас, а најчеста последица на тоа се непочитувањето на сообраќајните правила.

Една од водечките цели е, моторџиите да ги прикажеме во нивното вистинско светло, како едни од најголемите општествено одговорни лица. Запознавање со мото клубовите во Македонија како и со нивните братски клубови надвор од нашата држава и прикажување на хиерархијата на еден мото клуб.

Podcast – от ќе се емитува секој четврток во месецот, во периодот од 18.00 до 19.00 часот.