Morning Glory

MORNING GLORY / УТРИНСКА СЛАВА

е утринска инфо емисија која има за цел на слушателите да им ги презентира сите актуелните моменти во Општина Кисела Вода, работи кои останатите медиуми не ги нудат во својата програма а притоа да не обработува политичко – партиски теми, се разбира дневно политичките теми поврзани со социјалните моменти ќе бидат застапени, но во никој случај нема да има промоција за нешто кое не е во служба и интерес на граѓанинот.

Се емитува секој работен ден во неделата од 7.30 до 09.30 часот.

ИНФО кое се презентира:

  • Улици кои се реконструираат;
  • Делумно или целосно затворени улици;
  • Блокирани улици од гужва во сообраќај;
  • Блокирани магистрални и регионални патишта;
  • Промена на возни редови (автобуски линии);
  • Преглед на кино, театар, концерти, изложби и останати други манифестации;
  • АПЕЛ за внимание до сите учесници во сообраќајот на деловите од улиците пред и околу основните училишта;
  • Почитување на поставената сигнализација на улиците и сообраќајните знаци;
  • АПЕЛ до родителите чии деца на возраст од 14+ години управуваат со скутери и мопеди до 50 сс, за вршење на редовен технички преглед како и осигурување на превозните средства, носење на мото опрема за безбедност (кацига, ракавици, соодветни обувки)

Инфо емисијата ја водат:

  • Маја – водител
  • Горан – техничар
  • Александар – уредник