ГОСТИЛНИЦА – емисија за презентирање и промоција на македонската кујна. Емисијата се емитува секоја втора среда во месецот, во периодот од 17.00 до 18.00 часот. Целта на емисијата е да ја претстави и подржи македонската традиционална кујна, како и да даде осврт на трендовите кои се актуелни во моментот и се нудат како мени во нашите ресторани.
Теми кои се обработуваат:
- Дали е можно со традиционалните македонски намирници, да се следат светските трендови?
- Дали е препорачливо да се јаде храна која е не типична за нашето поднебје?
- Македонски специјалитети автентични и наследени низ годините?
- Дали економски може да издржи еден ресторан доколку на менито има само традиционално македонски специјалитети?
- Автентичен амбиент, клучен момент за македонските ресторани?
- Предлог на неделата: традиционален македонски доручек.